fbpx
Вести

Македонските фармери во посета на саемот за земјоделие „Агротико“ во Солун

farmeri

Во организација на Националната Федерација на фармери, поголема група фармери од земјава го посетија саемот за земјоделство и земјоделски машини „Агротико“ во Солун, кој се одржува по  27  пат, а претставници на Федерацијата на фармери од земјава по шеснаесетти пат го посетуваат овој саем, еден од најголемите на Балканот.

– По шеснаесетти пат преку Националната Федерација на фармери, организиравме посета на Саемот за земјоделство и земјоделски машини „Агротико“ во Солун. Покрај добивањето на дополнителни сознанија од оваа област, остваривме посета и на фарми за овци и кози каде што со минимален број на луѓе функционираат овие фарми, што треба да ни биде практика и кај нас во наредниот период. Исто така остваривме посета и на погон за калибрација на агруми и костени, кои преку сортирање вршат дистрибуција на овие производи во големите ланци на маркети ширум земјата и стариот континент – истакнаа од Здружението на земјоделски производители „Виножито“.

Посетата на фармите беше пред се едно искуство како може на еден современ начин со ангажирање на помал број на луѓе, да се добијат поголеми количини на млеко  и земјоделски приноси, и тоа пред се благодарение на се повисоките технологии кои се применуваат во оваа гранка.

– За разлика од нашата практика каде трошоците во работењето се сеуште многу високи, во Грција посетивме фарма со 400 кози на која сопственикот козите ги одгледува во штали и каде се ангажирани само две лица, а уште поинтересен беше примерот при посетата на овчарската фарма, каде во текот на целата година овците се стационирани на едно место, нема како кај нас, шетачко фармерство, застапени се француска раса на овци, чија млечност е десетина пати поголема од онаа што ја имаме кај нас .Така што фармерот од 108 овци добива дури 54 тони млеко во текот на целата година, што е далеку над нашиот просек од 60 литри за истиот период. Посетата на погонот за калибрација на агруми и костени, беше со цел на самото место да се увериме како се врши тоа во земја членка на ЕУ. Агрумите и костените се сортираат според својата големина а за подобрување на нивниот визуелен изглед а со тоа и продажбата, се врши и дополнителна фаза  полирање со восок, за производите да имаат поубав сјај и да бидат попривлечни за купувачите – додаде  тој.

На крајот од „Виножито“ ни посочија,  дека кај нашиот јужен сосед и на саемот, биле понудени високи технологии кои се повеќе се применуваат во земјоделството и сточарството ширум Европа а со тоа се намалува бројот на ангажирани работници, што зема се поголем замав.

– На саемот можеше да се види земјоделска механизација која е последен зборт на техниката во Западно европските земји.Бидејќи земјоделските производители имаат се поголем проблем во изнаоѓање на работна сила, токму поради тоа на саемот беа понудени машини кои заменуваат поголем број на луѓе. Така на едно место видовме наксовремени машини за молзење на овци и крави, машини за садење и берење на земјодлски култури. Посебно карактеристично беше одгледувањето на грав на бамбусови трски, кој откако ќе узрее, се бере со комбајни а се ангажираат еден до двајца луѓе а приносите од грав се многу поголеми. Очекуваме дел од овие иновации наскоро да бидат применети и кај нас, со што хроничниот недостаток од работна сила во оваа дејност, конечно ќе биде надминат – завршија од ова здружение и најавија посета на слични земјоделски саеми и здруженија од другите балкански земји а прва од нив е наскоро во соседна Србија.


 

новамакедонија

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close