fbpx
ВестиТоп вести

Земјоделците- производители имаат одредена привилегија во наплатата на пазаришната такса на зелените пазари

Земјоделците- производители  имаат одредена привилегија во наплатата  на пазаришната такса на зелените пазари

 

автор „Зелена берза“

Кои им се правата и обврските на земјоделците – производители на земјоделски производи на пазарите низ државата?  Ова прашање до редакцијата на „Зелена берза“ ни го поставија земјоделци кои забележуваат дека за трговците на зелените пазари секогаш има место, додека за земјоделците-производители не е случај.

-Ние сме регистрирани индивидуални земјоделци, и бидејќи не сме секој ден на пазар зошто имаме работа по нивите, не можеме да добиеме тезги на пазарите. Тезгите и привлечните,  односно фрекфентните локации секогаш се резервирани за трговците, кои печалат на нашата мака, и не само што печалат туку и кајмакот ни го собираат. Дури имало и случаи кога ние сме биле набркани од пазарите, реагираат земјоделски производители.

Според нив спорна е и сумата која треба да ја плаќаат дневно во пазарен ден или пак на месечно ниво.

-Јас како индивидуален земјоделец на пазар одам со две вреќи пиперки и треба да платам на пример 500 денари денот за дулие, додека и тој што е до мене со 20 вреќи пиперки ја плаќа истата сума. Како да се заштитат земјоделците кои не се големи производители,  што со нас?  Зошто пак ќе кажеме целиот ќар ни  го земаат или трговците или државата со даноците , велат земјоделци.

За поставените прашања „Зелена берза“ го консултираше ЈП „Пазари“ од Битола, иако во секој град секои јавното претпријатие што стопанисува со зелените пазари  си има посебно свој ценовник и свои критериуми за работа.

На  двата пазари во Битола секој може да има тезга, предност нема никој, вели за „Зелена берза“ директорот на ЈП „Пазари“ , Александар Касапов.  Но, напоменува дека земјоделците производители, имаат одредена привилегија во наплатата  на пазаришната такса или како што народски се вели дулие.

-На производителите  на земјоделски производи им се наплаќа пазаришна такса која во вторник и петок (како пазарни денови во Битола) е со пониска цена во однос на трговците- прекупци. Бидејќи голема е веројатноста прозводителите- земјоделци да не излезат на пазар да продаваат во деновите помеѓу пазарните денови, изјави Касапов.

Според работата на ЈП „Пазари“ -Битола, цените за закуп на тезга или простор за продавање на земјоделските производи се исти без оглед на локациите внатре во   пазарите.

-Закупнината и паушалот за тезга се со иста цена за сите, има само одредена разлика во пазаришната такса. И за жал се помалку има производители на земјоделски производи на пазарите, а се повеќе трговци. Така што кај производителите правиме разлика , ако излезат  на пазар со помала количина на  стока за продавање , тогаш им наплатуваме помало дулие. Но, кога призводител ќе дојде на пазар да продава поголеми количини на производи и да продава на големо, тогаш им се наплаќа 6 проценти од вредноста на стоката, објаснува директорот на ЈП „Пазари“ , Касапов.

Земјоделците кои ќе се затекнат да продаваат во рамките на пазарите, а не закупиле простор или тезга нема да бидат казнети, велат од ЈП „Пазари“-Битола.  Според нивниот правилник резервацијата за закупен простор на годишно ниво е 9200 денари. Паушалот за закуп на простор на пазарите е од 3000 до 5300 денари месечно. Со надрезервации земјоделците и трговците можат да закупат тезги и на неколку месеци доколу продаваат сезонски производи.

 

„Зелена берза“

 

Слични написи

Back to top button
Close