fbpx
Вести

Фрезирање помеѓу редовите и во редовите на младиот овоштарник

Секој млад насад во првите неколку години, поминува низ своето најтешко време, а тоа е натпревар со плевелите со цел да дојде до исклучително потребните материи за раст и развој.

Фрезирањето на овоштарникот е една од најважните агротехнички мерки во овоштарството, на што се посветува големо внимание. Во овој прилог, ќе ви презентираме комбинација на работата со две фрези – првата, е онаа класичната, тракторска фреза (во овој случај со ширина од 2 метри), а втората претставува технолошки нова машина – фреза за внатрередна обработка.

Коренот на плевелот „ги краде“ водата и хранливите материи од коренот на младите овошки

Секој млад насад во првите неколку години, поминува низ своето најтешко време, а тоа е натпревар со плевелите со цел да дојде до исклучително потребните материи за раст и развој. Таа борба е многу тешка во првите две години, затоа што овошните садници имаат мал коренов волумен, кој значително им го лимитира просторот од кој црпат вода и нутритиенти. Ако на тоа се додаде тревата и плевелот, чии корени се главно над зоната од коренот на младите овошки, разбирливо е дека нашата млада овошка се наоѓа во дополнителен проблем.

Дождот кој паѓа на земјата, прво поминува „низ“ корењата на плевелот на кој исто така, потребна му е вода за развој – исто трошат, растат, развиваат повеќе корења, што резултира со значително намалена количина на вода за коренот на младата овошка. Истото се однесува и на хранливите материи. Минералните ѓубрива се применуваат површински, така што потребно е доста долго време за хранливите материи да се „спуштат“ во земјата, на ниво на кое се наоѓа главниот коренов дел на овошката.

Фрезирањето го решава плевелот, но и живеалиштата на глодарите

Фрезирањето ги елиминира тие најзначајни проблеми. Со уништувањето на плевелите помеѓу редовите, како и во просторот внатре во редовите, ги ослободуваме водата и хранливите материи, со цел нашиот млад насад, кој во тоа време непречено го развива својот корен, да може многу побрзо да го постигне својот максимален потенцијал. Дополнителната предност на оваа постапка се состои и во создавањето на лесен, прозрачен слој на земја на кој дополнително му се зголемува биолошкиот потенцијал за раст и развој на саканата култура.

Во еколошкото земјоделство, значајна карактеристика е и тоа што со фрезирањето се уништуваат и подземните живеалишта на глодарите (глувци и сл), решавајќи ни ги притоа маките кои би произлегле од прегризени корења и суви овошки.

Значаен зафат во еколошкото земјоделство

Со комбинација на овие две фрезмашини може да се елиминира и до 95% од тревата и плевелот од овоштарникот, што е значителен зафат. Во еколошкото земјоделство, конкретно во овоштарството, тој зафат дополнително добива во значење, затоа што алтернативата (во просторот во редовите) косење претставува значително полош агротехнички зафат, во поглед на корисноста за растението.

Во конвенционалното овоштарство, популарна е примената на тотални хербициди со кои се уништуваат плевелите, но исто така неповратно се нарушува и структурата на земјиштето, односно буквално тлото се труе со биолошки неразградливи материи. Идните генерации ќе имаат значајни проблеми за да ги санираат последиците од употребата на таквите средства, така што ќе биде потребно дополнително вложување на се поголеми напори, со цел таквата пракса да престане да се употребува.

Целата работа во една постапка

Идеалниот пример за одржување на земјиштето во овоштарникот се постигнува со користење на фреза со сонда на предниот дел и класична фреза на задната хидраулика. Користењето на фрезата со сонда напред, значително ја олеснува работата во однос на користењето на истата машина, бидејќи повеќе нема да има потреба од вртење зад тракторот. Во една постапка ја обработуваме зоната околу овошките, но и меѓуредниот простор.

Приспособувањето на машините за меѓуредното растојание, овозможува во две поминувања да го покриеме целиот постор помеѓу двата реда, кон што секој овоштар треба да се стреми. Со овој начин на работа, ја зголемуваме ефикасноста –  штедиме време (и пари), се чувствуваме многу подобро, знаејќи дека плодовите од нашата работа на квалитетно обработеното земјиште, способни се да апсорбираат максимална количина на вода и нутритиенти, потребни за развој на нашето овошје. На овој начин, реализираната работа, овозможува после работењето да не си одиме дома уморни, туку радосни.

 

Валентина Соколовска

за Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close