fbpx
ВестиТоп вести

ПЕСТИЦИДИ ВО ЗЕЛЕНЧУК И ОВОШЈЕ –КОЛКУ СЕ ШТЕТНИ И КАКО ДА СЕ ИЗБЕГНАТ?

Пестицидите  се хемиски супстанции или смеси на супстанции наменети за превенција, уништување, спречување или намалување на количеството штетници. Според хемискиот состав се делат на органски и не органски. Во однос на нивното дејство врз растенијата, постојат две групи. Едните растението ги апсорбира и по третирањето циркулираат низ неговите сокови, а другите, т.н. контактни, остануваат исклучиво на неговата површина. Првите имаат предност во дождливите периоди зашто се отпорни на плакнење, но се безопасни. До бербата, дури и порано, потполно се не утрализираат и разградуваат. Вторите се користат за последните прскања на овошјето и зеленчукот што значи дека за кусо време се разградуваат. Според отровноста (токсичноста) пестицидите се класифицирани во групи. Сепак, токсичноста на овие средства зависи во голема мерка од нивната рационална и правилна употреба. Оттука, рационалната употреба на пестициди со голема токсичнос тможе да биде безопасна, додека нерационалната употреба на овие средства со малатоксичност може да биде опасна.

При употребата на пестицидите можно е загадување на воздухот, почвата и водите, вклучително и водата за пиење и наводнување. Храната е исто така подложна на загадување, а особено житните растенија, зеленчукот и овошјето. И сточната храна може да се загади од пестициди, а таквото загадување може да се пренесе на млекото и животинското месо.

Не контролираното користење на пестицидите му штети на човековиот организам на различни начини. Ова се најчестите последици од употребата на пестицидите:

  • Рак
  • Дебелина и дијабетес
  • Аутизам
  • Паркинсонова болест,

како и други вакви сериозни заболувања.

Поради тоа правилникот за квалитет на овошје и зеленчукkakoи производите од овошје и зеленчук бара да се исполнуваат условите да не соджат резидуи од пестициди во концентрации штетни по здравјето на луѓето.

Во битката да се храниме здраво и на нашите деца да им сервираме оброци полни со витамини и со минерали, се поставува прашањето колку навистина добиваме квалитетен непрскан производ.

За таа цел лаботаторијата Проанализ е тука да помогнe на секој производител на овошје и зеленчук, употребата на пестициди да биди безопасна и да обезбеди сигурен пласман на пазарот.Лабораторијата испитува над 611 резидуи на пестициди и тешки метали со најсовремена апаратура. Зелена Берза го истражуваше ова со цел да ги задоволи потребите како на нашите земјоделци така и на потрошувачите и направи кратки интервјуа со неколку клиенти кои имаат вршено токму такви анализи во Проанализ лабораторијата.

   

ЕУ  води строга контрола на производите што доаѓаат надвор од ЕУ

Во трката за поголем профит  се случува производителите да употребат поголемо количество на хемиски средства при производството на овошје и зеленчук. Искуствата покажуваат дека на царинските терминали  во странство, по извршените анализи на производите, се враќаат  цели шлепери. Тоа значи  директна загуба и за производителите и за откупувачите. Данчо Василев е управител на откупниот центар ДИПОМ – ДМ во Струмица. За Зелена берза го споделува неговото искуство со извоз на градинарски култури. Вели дека ЕУ има строги правила во врска со увоз на производи и присуство на пестициди во нив, од други земји.

„Редовно правам хемиски анализи на градинарски и овошни култури. ЕУ има строги правила за присуство на хемиски елементи во производите, посебно пестицидите. На граничните премини се прават хемиски анализи на производите и доколку се покаже дека производите во својот состав содржат пестициди, стоката се запленува. Јас често извезувам во Бугарија и Романија. Во мојата документација имам и документ за извршена анализа на пестицидите. Анализата ја правам во лабораторијата „Проанализ“ во Струмица и сум задоволен. Последните анализи се добри. Во мојата работна документација секогаш го имам и документот за хемиската анализа на стоката и го приложувам на граница заедно со другата документација. Така сум послободен и сигурен дека нема да ми биде запленета стоката. Ова го правам откако ми беше запленет еден камион со стока на царина во Букурешт. Тамошните  анализи покажаа недозволена количина на пестициди. Земјоделците мора да внимаваат на ова. За да бидам посигурен и да не влегувам во ризик, јас редовно правам анализа и резултатите ги добивам за неколку дена,“ вели Данчо Василев.

 

Позитивни искуства од анализите во Пронализ има и Тина Николов вработена во фабриката за конзервирање  зеленчук „Дентина“ Струмица.

„Ние сме претежно извозно ориентирана компанија и редовно правиме анализа на готов производ. Тоа ни го налагаат стандардите за безбедност на храна. Покрај анализа на готов производ, потребна ни е и анализа на суровина, затоа што тоа го бараат купувачите. До сега ги правевме анализите во Скопје. Среќна сум што сега вакви анализи може да се направат и во друг град. Задоволството е поголемо што со анализите се испитуваат над 600 параметри. Експедитивни се и ценовно дбри“, вели Тина Николов од Струмица.

П.Ј

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close