Повардарие е единствен пример во земјава каде што до сега се покренати четири предтечајни постапки од страна на доверители и сите се намирени и повлечени, што укажува на намерата да се продолжи со намирување на обврските кон преостанатите доверители, како и со продолжување на деловниот потфат, посочуваат од „Повардарие“.
Винарската визба „Повардарие“ од Неготино е најголемиот производител на вино во Македонија и фирма која повеќе од 50 години успешно одговара на потребите и барањата на различни пазари. Во својот состав има производен капацитет од 30 милиони литри вино и дистилерија за производство на жестоки пијалоци со капацитет на производство од 5000-10000 литри дестилат за 24 часа.
Повеќе од 80 отсто од производство е наменето за извоз, се продава како наливно и флаширано вино во Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Словенија, Бугарија, Германија, Латвија …
До 2017 година „Повардарие“ АД е најголем откупувач и преработувач на грозје во земјава.
Од 2008 година оваа винарија станува сопственост на српската компанија „Вино Жупа“ од Александровац, фирма со богата традиција во производство на храна и пијалоци. Тогаш новиот сопственик ги плаќа сите заостанати обврски кон вработените, лозарите и добавувачите.
И по преземањето на компанијата, таа продолжува со беспрекорна работа, но во 2012 година, почнува да се соочува со опструкции, кои ќе и’ нанесат големи финансиски штети. Имено, Царинска управа на РМ. таа година носи решенија за присилна наплата за акцизно добро, со наводно образложение дека не е платено од претходниот сопственик, Љупчо Аневски.
Против овие решенија, „Повардарие“ покренува судски постапки пред Управниот суд, и судот носи решенија со кои се уважуваат предлозите, а решенијата за присилна наплата се одлагаат од извршување.
Воедно, од Бирото за судски вештачења се изработени наод и мислења, според кои се укаќува дека воопшто не постои акцизен долг на визбата кон Царинска управа.
Но, и покрај решенијата на Управниот суд, Царинската управа продолжува со извршувањето, и ја блокира сметката на визбата, се возспоставува хипотека и залог врз подвижни и недвижни ствари кои се во сопственост на „Повардарие“.
Токму поради блокадите и хипотеките, визбата претрпува милионски штети кои се одразуваат врз работењето на визбата. Се губи голем дел од пазарот, се намалува кредитниот рејтинг на визбата, банките бараат предвремена исплата на обврските.
Но, и покрај тоа, визбата продолжува со навремено исплаќање на лозарите, деловните партнери, вработени, даноци, акциизи…
Во меѓувреме, Царинската управа по пат на присилно извршување запленува одредена количина дестилат, заради намирување на наводните обврските по основ на акцизи.
Визбата претрпува дополнителна штета, бидејќи дестилатот е неопходен во процесот на просизводство на алкохолни пијалоци, а тој дестилат бил наменет за странски партнер, па визбата во тоа време мора да плаќа и казнени пенали, а ја губи и соработката со партнерот.
Воедно, во целата опструкција и претрпување на големи материјални штети, Министерството за земјоделие на визбата не и’ исплатила субвенции, кои за период од 2013-2016, врз основа на решенија, изнесуваат 350.000 евра.
Во 2016 година во земјава имаше огромен принос на грозје, и под притисок на власта визбата откупи 25.000.000 килограми грозје, за што објективно немаше потреба . Но, поради ветувањата на тогашната власт дека субвенциите ќе бидат исплатени и дека ќе се реши проблемот со Царинската управа, визбата откупи рекордна количина на грозје , со средства кои беа наменети за исплата на лозарите за купено грозје од 2015 година. . Поточно средствата се потрошени за делокација на старото вино и на трошоци за преработка, велат од „повардарие“.
Визбата во законски рок ја исплатила првата рата на лозарите за откупеното грозје за реколтата 2016 година. Но во декември 2016 година Царинска управа поднесува барање за поведување на стечајна постапка над Повардарие, спротивно на договорореното. Во тој период, судот издава времена мерка за забрана на извоз на вино од винарската визба, а Министерството за земјоделство носи решение со коешто визбата се брише од листата на производители.
Во 2017 година, „Повардарие“ го исплаќа е долгот кон Царинска Управа, кој со камата достигнува милион евра. Компанијата исплаќа и други три доверители, со околу пет милиони денари. Со тоа, и стечајната постапка е повлечена. Се повлекуваат и забраните за извоз на вино и забрана за работа со сметки, со што винарската визба продолќува непречено да работи.
Сепак, како резултат на случувањата во тој период, визбата не е во состојба да ги исплаќа обврските кон лозарите и оттука произлегуваат нивните побарувања. Но, како што објаснуваат од „Повардарие“, од јуни 2017, до денес, на лозарите им е исплатено шест милиони евра за откуп на грозје, а по основ на судски трошоци исплатени се над еден милион евра.
УВЕРУВАМЕ ДЕКА „ПОВАРДАРИЕ“ Е ЕДИНСТВЕН ПРИМЕР ВО ЗЕМЈАВА КАДЕ ШТО ДО СЕГА СЕ ПОКРЕНАТИ ЧЕТИРИ ПРЕДТЕЧАЈНИ ПОСТАПКИ ОД СТРАНА НА ДОВЕРИТЕЛИ И СИТЕ СЕ НАМИРЕНИ И ПОВЛЕЧЕНИ, ШТО УКАЖУВА НА НАМЕРАТА ДА СЕ ПРОДОЛЖИ СО НАМИРУВАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ КОН ПРЕОСТАНАТИТЕ ДОВЕРИТЕЛИ, КАКО И СО ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДЕЛОВНИОТ ПОТФАТ, ПОСОЧУВААТ ОД „ПОРАВДАРИЕ“.
Визбата сѐ уште нема добиено субвенции за 2016 година, иако во ноември мината година Министрерството за земјоделие потпишало записник дека „Повардарие“ ги има намирено паричните обврски кон лозарите за реколтата 2016 година.