fbpx
ВестиТоп вести

Николовски: РС Македонија лидер во спроведувањето на  ИПАРД 2 програмата во регионот

Рекордна искористеност на средства од ИПАРД 2 програмата

За развој нај земјоделскиот сектор од исклучително значење  е и ефикасната искористеност на мерките кој што ги нуди ИПАРД 2 програмата  и тоа  мерките за инвестиции во материјални средства за земјоделски стопанства и во инвестиции за средства во преработка односно мерките 1 и 3 кој што овозможуваат кофинансирање на трошоците за инвестиции за што сведочи и интересот кој што во јануари и февруари  резултираше со рекордни  1250 апликации.

-Кога станува збор  за мерките од ИПАРД 2 програмата , може да потенцираме дека  Р.С Македонија е лидер во спроведувањето на  ИПАРД  во целокупниот  регион, што не беше случај во ИПАРД 1 , кога искористеноста беше на многу ниско ниво.  Сега може да потврдам дека нема да имаме доволно средства заради големиот интерес,  изјави за медиумите  Љупчо Николовски, Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство на манифестацијата  „Ден на рекордери фармери“ што се одржа во Битола.

Министерот Николовски изрази надеж дека во наредниот период ќе се продолжи и понатаму заеднички и посветено да се работи во донесувањето на нови мерки  и политики кои што ќе бидат од интерес на  целокупниот сектор. Заради големиот интерес потребно е уште многу да се работи, особено во делот на сточарството, поедноставување на  соодветни процедури, на кој што се работи, особено  на министерството за животна средина. Тој го истакна значењето на одговорни компании,  како што е млекарата Бимилк  која што дава голем  придонес во подигнувањето на  на јавната свест и на развојот на целокупниот земјоделски сектор .

Зошто доцнат субвенциите?  Ова е најчесто поставувано прашање од страна на земјоделците. Еве што одговори на тоа министерот Николовски:

-Субвенциите не доцнат. Точно се сметаат роковите на програмата и календарот на исплата. Една од клучните политики за која што сме горди е  што  направивме  да се исплаќаат субвенциите навремено, не селективно во еден ист ден за сите  категории за земјоделски стопанства, согласно самата програма, уредба и календар. Тоа и го направивме , ги раздолживме заостанатите  долгови и веќе со оваа годишна програма веќе се стабилизираа исплатите на субвенциите. Таа оди тогаш кога се потребни, односно согласно календарот. Тутунарите се целосно исплатени и лозарите се целосно исплатени. Не се точни информациите дека има било какви не исплатени  или застој на субвенции, освен делот кој е законски за контрола на исплата. Околу 28 мил. евра на тутунарите во еден ден се исплатени, а 12 милиони евра на лозарите, 16 милиони евра се исплатија во еден ден на сточарите, 5 милиони евра на  за полјоделски култури, овоштарство исто околу 5 милиони евра во еден ден .  Претседателските и локалните избори беа законска пречка за исплата,согласно изборниот законик да не можеме да постапуваме во еден соодветен дел, односно да не може да се направат соодветни промени во самата програма каде што дел од средства префрлуваме по заостанати обврски во програмата со цел да бидат заокружени, односно да биде заокружена исплатата, рече министерот Николовски. Министерот Николовски посочи дека на наредна седница на Влада ќе се направат измени во програмата, за да се искористат  средствата кои се на располагање и нивна распределба во делот на дополнителни  мерки кои што не се исплаќаат во време на избори.

Се следат состојбите во сточарството

Во минатиот период бројни беа коментарите во врска со сточарството како дејност и намалувањето на сточниот фонд и дека потребно е пребројување на сточниот фонд. Сточарите велат дека оваа дејност го допре дното. Тие реагираа на ниската откупна цена на јагнињата . Министерот рече дека Владата внимателно ги следи сите состојби.

-Ние работиме во пазарни услови и внимателно реагираме како влада и како министерството  во секој еден поглед.  Анализирајте ги сите наши политики, тие биле внимателно одмерени. Секогаш кога имало проблем или пореметување во делот  на понудата и побарувачката реагираме со соодветни интервентни мерки или сме на некој начин медијатор меѓу самите производители, откупувачи, преработувачите, односно во целиот тој синџир кој што е поврзан.  Во секој еден аспект ние реагираме и сме тука да носиме соодветни мерки и политики во секој еден момент. Конкретно за сточарството за десеттина пати ја зголемивме сумата на износот на средства кои што ги имавме во програмата за рурален развој оваа година. Предвидовме 1,5 милиони  евра или  90 милиони денари. Го променивме критериумот на проценки  на евалуација, прво да се склучат договорите во платежната агенција, а потоа да се реализира инвестицијата, не обратно како што беше како во претходната година. Со самата промена на овој критериум со зголемување на износот  интересот беше огромен и за оваа мерка имаме вкупно 73 апликации кои што се во вредност околу 4,5 милиони евра и сите тие се за набавка на приплоден добиток со кој што го обновуваме генетскиот потенцијал, а тоа е еден пример дека интерес постои, дека креираме мерки кои што одат во тој правец. Ние и преку директните плаќања, во однос на она  што го правиме како влада, министерство и агенција, ние најавивме и тие активности се спроведуваат во текот на оваа 2019 година. Преку вакцинацијата, преку бруцелоза преку ентеротоксенија ,  на сите активности кои што ги спроведуваме на територија на цела земја ќе дојдеме до конечните односно точни показатели за состојбата на сточниот фонд, особено на овците и на козите оваа година.  Кога тоа ќе го знаеме, ќе знаеме колку средства ни се ослободени во овој дел со кој што може да интервенираме и во директните плаќања односно во делот на зголемувањето на  самите субвенции. Падот на сточниот фонд е резултат на  погрешни политики кои што се водеа многу години наназад. Ние направивме сето тоа да се стабилизира. Треба време, не може се’ преку ноќ и за една и пол година да се заврши. За самите активности на АХВ за пребројување односно до доаѓање до точниот  број и состојба на сточниот фонд, треба буквално  од 9-12 месеци. Дополнително преку европска унија работиме на обезбедување на соодветен грант за електронско преобележување, кое што сакаме да го направиме во следната година. На секој еден можен начин ние ќе преземаме или воведуваме мерки кои што ќе го стабилизираат и ќе го трасираат развојот токму во овој дел,рече министерот Николовски.

Проблемите не се решаваат преку ноќ

Како да се спречи одливот на млади земјоделци? Ова е  исто така проблем на кој треба да се работи со големо внимание. Во време кога е  разнишана довербата  во институциите во државата воопшто не е лесно изнаоѓање на решенија  за проблеми во било која сфера. Санирањето  на отворените  проблеми и повторното  враќање на довербата во системот  ќе се бара во промена на законската регулатива.

-Беше потребно време да ги санираме состојбите. Во тој правец е и промена на законот за земјоделство и рурален развој  кој веќе е во владина процедура со кои измени   прво ја зголемуваме поддршката со грантови за млади земјоделци која на следниот повик ќе изнесува 20 000 евра и ги тргаме некои отежнати околности кои што ги имаше, посочува Николовски.

Сетот олеснителни мерки, зголемената поддршка и други олеснителни околности за младите земјоделци ќе бидат промовирани во јуни и јули.

.Кога да се очeкуваат резултатите од повикот за млад земјoделец?

Младите со нетрпение ги очекуваат резултатите од повикот за млад земјоделец кој беше распишан пред неколку месеци. Зошто уште нема резултати и на што се должи тоа, министерот Николовски не негираше и причината ја посочи во  големиот интерес за повиците од повеќе мерки што беа објавувани во ист период.

– Од повикот  за ИПАРД  за мерка 1  има 1099 апликации, имавме повик за ИПАРД за   мерката 3 каде имаме 65 апликации или вкупно тоа се  околу 1200 апликации со побарувања со околу 30 милиони евра. Паралелно имавме и други  од програмата за рурален развој . Точно е,  се доцнеше во овој дел и правиме максимален притисoк со платежната агенција. Деноноќно  се работи сите овие повици да  бидат завршени и што побрзо да ги имаме резултатите. Во тек е повикот од Програмата за рурален развој за набавка на трактори кој трае до 30 мај за кој заради големиот интерес е зголемена поддршката до 1 милион евра. Сето тоа говори за интересот  кој што го имаат младите дека се  враќа довербата кај нив.

Министерот Николовски посочи дека мерките и правилниците кои се носат се мотивирачки и токму заради тоа има голем интерес за аплицирање  по сите програми. Тој оптимистички најави дека следува убав период кога ќе бидат склучени илјадници договори и ќе бидат реализирани многу инвестиции.

Павлина Јовановска

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close