Повеќето луѓе никогаш не јаделе карадутка, едноставно затоа што во градот и околината постојат исклучително малку карадутки. Некои од нас јаделе црница што се темни – но кои потекнуваат од други видови.
На пример, обичната бела црница, Морус Алба, има бобинки кои варираат во зрелоста од бела, розова, црвена, виолетова или црна боја и варираат по големина.
Оригиналното, чиста црна црница е карадутка, Morus nigra, е невообичаена во споредба со повеќето – ако не и сите – други видови. Бројот на хромозоми во неа е зачудувачки голем (2n = 308)! Речиси сигурно е дека е античка хибридна култура, чии предци се изумрени. Се одгледувала со милениуми и првобитното локално место е непознато – но најверојатно била централна Азија.
Како украсен вид, улогата и е скромна. И недостасува цветна убавина. Есенската боја е бледа, обична жолта. Летото зеленилото е најтемно зелено, густо и разбушавено. Кога зрее овошјето е црвено, прилично убаво; а кога овошјето е презрело, добива црна боја и паѓа, обојувајќи го земјата. Кога карадутката се пресадува на трупот на бела црница, резултатот е неприроден изглед на плодот.
Но! Да се јадат целосно зрели плодови е сензуален спој на вкусовите од рајот.
Плодот на карадутката го јадат претежно птици и деца. Тие зреат неколку одеднаш, мора да се берат секој ден, и се толку преполни со сок и толку меки и нежни што пренесувањето на пазарите е незгодно.
Затоа, ако сакате да јадете карадутка, мора или да одгледувате свои или да знаете некое дрво во близина. И ако можете да одгледувате доволно, за да носите еднаш неделно на локалните пазари, ќе заработите убава сума на пари.
Валентина Соколовска
за Зелена берза