fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Во „Синпекс“ најмногу ми значи довербата

Димче Илиев -„Синпекс амбасадор“ во интервју за „Зелена берза“

Длабоки корени и богата традиција има лозарството во Тиквешкиот Регион. Токму овој крај е познат по раскошните лозја чии стебла извишени на ридовите во навидум беспрекорен ред бараат место под сонцето.

Насади натежнати од бујни гроздови, прелеани од сите бои на грозјето уште со првиот поглед ве обземаат со чувство на живост и изобилство.

Токму ваква е сликата на насадите со винова лоза на Димче Илиев (43), земјоделец од кавадаречкото село Сопот. Големи се маките на лозарите кои секоја година одново и одново се справуваат со нерентабилно производство, но нашиот  лозар се издвојува со својата упорност, со љубовта кон секоја педа плодна земја и со истрајноста да напредува.

Илиев е нашиот „Синпекс амбасадор“ кој оваа неформална „титула“ ја доби поради професионална соработка со битолската компанија, која трае со години.

„Синпекс“-Битола слави 30 години постоење, а во чест на големиот јубилеј на своите долгогодишни и лојални потрошувачи им оддава признание за соработката во минатото и денес, но и за онаа што заеднички ќе ја градат во иднина.

„Синпекс“ и „Зелена берза“ го посетија лозарот Илиев во неговиот семеен дом во Сопот, а тој ги пречека домаќински со срдечна насмевка, искрен разговор и вкусно вино.

Илиев се присетува дека и првата соработка со „Синпекс“ била залеана со чашка рубин-црвено вино.

 

*************

З.Б„Синпекс“-Битола ве избра за свој „Синпекс амбасадор“ привилегија која ја добија избрани клиенти на фирмата заради долгогодишната успешна соработка, која значи лојалност, доверба и професионалност во секој поглед. Се сеќавате ли на првите средби со тимот на „Синпекс“ и како го доживувате ова деловно пријателство?

Илиев-Чест ми е што сум избран за „Синпекс амбасадор“, од толку соработници ме издвоиле мене, значи и тие се задоволни од мене. Соработката е взаемна. Часовникот што го добив на подарок за мене лично е голема работа, да бидам искрен чест ми направија. Ваков подарок досега од никој не сум добил и многу сум благодарен.

Со „Синпекс“-Битола соработувам од 2008 година, и таа соработка трае се до денес. Ние сме и соработници, и другари и пријатели. Последните години најмногу соработувам со Стевче, со Бојан и со Иванчо, комуницирам за се што ми треба за земјоделското стопанство.

Соработката со „Синпекс“ е флексибилна, и тоа што како фирма можат да се прилагодат на потребите на земјоделецот ги издвојува од сите други. Кога и да ми за треба нешто од земјоделска механизација, што и да е, само ќе се јавам во „Синпекс“ и знам дека ќе бидам услужен и ќе бидам добредојден кај нив.

Тука најмногу ми значи довербата.

Знаете ние како земјоделци често паѓаме во некоја криза кога се работи за производството, а во „Синпекс“ ќе им излезат во пресрет, ќе ми дадат се’ што ми треба и ќе ме почекаат додека да го исплатам купеното. Соработката со „Синпекс“ ни дава сигурност во процесот на земјоделското производство, зошто денеска има малку „народ“ што работи на доверба, што ти овозможува да се стабилизираш тогаш кога најмногу имаш потреба од тоа. Едноставно тие се моите пријатели кои по многу нешта се извојуваат од конкуренцијата. Сум имал соработка и со други фирми, но односите помеѓу мене и нив не се исти како со „Синпекс“. Кога ќе одам во Битола, во „Синпекс“ убаво се чувствувам како ме пречекуваат како редовен муштерија, со добра намера.

И нашето пријателство со „Синпекс“ уште напочеток го залеавме со црвено вино. Се сеќавам ќе купував трактор, а парите ми беа во банка, за да ме почекаат извадив од автомобилот црвено вино, а Леонардо сакал баш црвено. Кога седнавме двајцата чашка по чашка убаво се „разубедивме“. И денеска соработката со Леонардо е со почит.

З.Б-Што е она по што „Синпекс“ се издвојува од останатите?

Илиев-Само „Синпекс“ вложува во земјоделците, во своите клиенти. Често  компанијата организира и семинари за наша едукација. Она што тие го прават за нас е што не приближуваат до сите новини во земјоделското производство. Малкумина од нас земјоделците посетуваме саеми за земјоделство за да ги видиме новините што ги пременува светот, а овде во „Синпекс“ сите тие новости ни ги пренесуваат преку организирани семинари и работилници. Едукацијата за да одиме напред како земјоделци ја добиваме преку „Синпекс“, тоа не е вообичаено за други трговски компании.

З.БВие сте еден од покрупните земјоделци во регионот, кога се мисли на обработливите површини. Што произведува семејството Илиеви?

Илиев-Земјоделец сум од кога паметам за себе, порано се занимаваме со лозарство и градинарство – бостан и лозје, а сега со лозарство и производство на житарица, јачмен. Обработувам 20 хектари лозов насад и уште 20 хектари под житарица. Годишно произведувам од 250 до 300 тони грозје, во зависност од годината. Од овие количини, 25 до 30 тони грозје се наменети за сопствено  производство на вино, останатото го пласирам на пазарот.

Ги произведувам винските сорти – темјаника, шардоне, мерло, каберне, вранец, смедеревка, рајски ризлинг и сирах.

За квалитетот на грозјето има поделени оценки, еден дел е добар, друг не, бидејќи имаше многу врнежи, влага и зрното испука. Прашање е дали винариите ќе го земат ваквиот род. Тоа грозје може ќе ни остане по нивите.

Цените на грозјето се уште не се дефинирани, но најверојатно ќе бидат пониски од ланските. Што значи бербата нема да се исплати.

Што се однесува до цените на производство на вранецот и смедеревката, како најзастапени сорти треба да чинат, смедеревка од 14 до 16 денари, а вранецот од 16 до 18 денари за килограм грозје. Тоа  е реалната цена за нас лозарите, како производители, за да останат барем 2 денари чисти од секој предаден килограм да можеме да го обновиме производство, односно механизацијата, лозови насади и за да одиме напред. Годинава по се изгледа цените ќе бидат за 2 денари намалени.

З.БПоседувате трактори од  брендот „Тафе“, за кој „Синпекс“-Битола  е генерален застапник, како и бројна земјоделска приклучна механизација. Што значи за вас добра механизација?

Илиев-Во 2008 набавив од „Синпекс“ трактор Тафе 42, атомизер од 1000 литри и приколка. За две години купив уште еден трактор, приколка, фреза, и сега пак зедов атомизер од 330 литри. Во моето село се продадени над триесет трактори Тафе. Во нашиот крај не е потребно убедување за она што е добро. Кога нашиот народ ќе види нешто што е новитет сите прашуваат од каде е и одма се јавуваме во „Синпекс“. Убавиот збор дека си задоволен од една механизација далеку стигнува.

З.БДолги години произведувате вино, во што е тајната на добро квалитетно вино?

Илиев-Од 2005 година произведувам вино во количини од околу 7 тони. Занаетот на правење на добро и квалитетно вино ми е оставен од дедо ми. Сум поминал и обуки за енолог. Но, за производство на добро вино се знае што треба, добро производство на грозје. Инаку самиот процес трае од 80 до 100 дена. Од септември почнуваме со новите сорти темјаника и шардоне.

З.БДали може да се егзистира од лозарството во овие услови во нашата државата?

Илиев-Од лозарство може да се живее, со добар тим, квалитетна и соодветна механизација. Нашиот ангажман значи вклучување на целата фамилија. Значи за лозарството да опстојува потребна е помош од државата, тоа подразбира да не заштити со гарантирана цена на килограм грозје и под таа цена да не смее да се откупува родот. Во спротивно државата треба да ги отвори границите за извоз и сами да се снаоѓаме со пласманот. А сега за извоз ни бараат премногу документи и тука се откажуваме. А и откупот во нашите винарии е отежнат во поглед на условите. Годинава грозјето за откуп мора да биде здраво, ако не, ќе ни го вратат грозјето. Во исто време голем проблем за нас е и  исплатата на грозјето со рок од 180 дена. Тоа е предолг период, зошто нас како лозари никој не ни дава нафта или препарати, или пак механизација толку време на почек. Не можеме да го планираме новото производство кога по 6 месеци чекаме на тие пари, а некогаш и повеќе. Сепак најтешкиот период за лозарите е бербата, кога имаат големи трошоци, а од предаденото грозјето немаат ниту денар.

 

Анета Блажевска

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Слични написи

Back to top button
Close