Јегуновце земјоделско село во близина на изворот Рашче со децении живее со канцерогениот шестовалентен хром
Јегуновце и атарот на ова населено место, живее над токсичниот течен отпад шестовалентниот хром.
Ако се земе предвид фактот дека во близина на ова село е изворот Рашче од кој Скопјани се снабдуваат со вода за пиење, но и земјоделската дејност и производите кои се продаваат од ова село и околната област, ситуацијата е доста сериозна.
Дека има шестовалентен хром во земјата, а со тоа и во подземните води потврдуваат еколошките организации, но и од раководството на фабриката Југохром во Јегуновце.
Шестовалентниот хром е резултат на индустрискиот отпад лоциран во атарот на село Јегуновце каде се фрла се и сешто, а пред неколку децении и отпад од погонот Бихромат кој работел во склоп на фабриката Југохром, чиј отпаден материјал го содржи овој канцероген елемент.
Оваа стара еколошка бомба месецов се актуелизираше, откако невладините организации алармираа дека дел од тој токсичен отпад директно завршува во реките Вардар и Бистрица, а за да биде катастрофата уште поголема, овој отпад кој истекува е во близина на изворот Рашче.
-Тоа е шестовалентен хром кој е опасен за граѓаните и предизвикува рак. Ние кога организиравме протести против работењето на Југохром без еколошки стандарди, овој проблем и тогаш сме го истакнале дека треба конечно да се реши ова. Но, тогаш беше актуелен воздухот кој беше многу загаден. Значи сега мора под итно да се изврши медијација на почвата во Јегуновце, дека таа земја содржи голема количина на опасниот хром и тоа е опасно за земјоделието и за водата што ја пиеме, тоа е опасно многу. Медијација значи да се смени цела земја, или пак истата да се обнови, односно да се садат некои дрвја со кои ќе се обнови таа загадена земја. Значи почвата е многу загадена и да се прочисти водата што правиме со земјата, од таа земја луѓето се хранат, а се храниме и ние затоа што од таму купуваме зеленчук и овошје. Значи има решенија, само прашање е дали има политичка волја. И тие подземни води ќе стигнат до Рашче и Скопјани ќе останат без вода за пиење поради овој проблем, рече Аријанит Џафери од еколошката организација Еко Герила.
Од раководството на фабриката Југохром, велат дека не е толку алармантна ситуацијата како што ја прикажуваат невладините организации. Подземните води пред да се влеат во Вардар се прочистуваат преку пречистителна станица, која сега поради градежни работи со цел нејзина реконструкција не работи.
-Се работи за депонија каде има историски отпад и таа е во надлежност на Министерството за животна средина. Тука меѓу другите индустриски отпади кои се децениии се фрлале односно таложеле има и бихроматно блато и тоа го содржи шестовалентниот хром. И тука има Филтер станица која има задачи да ги собере подземните води, да ги прочисти и да ги пушти во Вардар. Но, во моментов се работи на реконструкција на филтер станицата и затоа имаме малку проблем. Таа станица мораше да се реконструира дека беше стара и дотраена и не функционираше како што треба, рече Славко Стојчески технички директор на комбинатот Југохром.
Од раководството на Југохром, велат дека контаминацијата се мери и од година вгодина се намалува. Најавите се дека до декември оваа година треба да заврши реконструкцијата на филтер станицата за отпадните води, кои повеќе од 5 децениии се прочистуваат, но во последно време недоволно, поради стариот и дотраен систем.