fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Животот на село има иднина!

Кога ќе се погледнете во огледало вашиот образ е чист и покрај целата прашина на него, зашто парите се важни, но најважно е здравјето и храната. Сè друго е минливо!

Добро познат факт е, дека е важно да имате информации за тоа што носи иднината. Аграрната политика на Македонија се менува од година во година и досега од воведувањето на системот за субвенции претрпе многу промени. Всушност одговорот на прашањето -Дали животот на село има иднина, колку што може да претпоставите, и не е така едноставно, иако експертите од аграрот велат дека иднината на нашата држава целокупно зависи од развојот на земјоделието.

Фармер од Пелагонија во изјава за медиумите го дава одговорот на ова прашање кога вели дека работел како механичар неколку години во приватна фирма. Но, со таа плата не можел да преживее, да ги школува трите деца, да ги покрие трошоците за дома, па решил да се занимава со земјоделство и сточарство. Неговата фамилија и претходно се занимавала со земјоделство и чување на крави. Така механичарот го прифатил предизвикот на земјоделието и селото. Сега целото семејство работи на ниви и во шталата, тој, сопругата и трите деца. Кога е сезона, сите се во полето, кога е време за во шталата со стоката  секој си ја знае обврската. Одлуката да се прифати земјоделието не била лесна, исто како и фактот да се живее на село, но како што вели нашиот фармер исплатлива пред се’. Сега единствено останува сонот секоја година да се купува по една нова земјоделска машина со цел да им се олесни работата.

Всушност, земјоделието е работа, кое има многу добри страни. Како прво, произведувате здрава храна, знаете што јадете, кога ќе се погледнете во огледало вашиот образ е чист и покрај целата прашина на него, зашто парите се важни, но најважно е здравјето и храната. Сè друго е минливо!

Она што е сепак важно е да се поддржат малите производители на храна, бидејќи според некои студии, тие произведуваат 70% од светската храна, додека 80% од профитот оди на големите корпорации, а само 20% на малите производители. Значи, не можеме да зборуваме за фер производство на храна. Од оваа причина, потребно е да се работи на прераспределба на профитот во целиот синџир на вредности. За почеток, треба да се разбере економската страна на системот за производство на храна, со цел да се зборува и за економскиот и за еколошкиот аспект на производството на храна.

Вистина е една дека земјоделството е тоа од кое зависиме сите. Затоа, за да преживееме мора да произведуваме храна и мора да ги поддржуваме помалите производители. Оние обични луѓе кои се уште ги крепат нашите села. Ако не знаеме како тогаш можеме да ја копираме европската земјоделска политика, која и покрај тоа што не е совршена, сепак е така направена за да придонесе за развој на руралните области, развој на селата, како и за подигнување на квалитетот на животот во тие области.

Субвенции

Сепак, дел од оваа иднина на земјоделието ја градат и мерките на државата за поддршка на земјоделците.

Лани АФПЗРР, по Програма за финансиска поддршка има исплатено околу 7 милијарди денари. Сериозни средства кои се дадени и инвестирани во агро-секторот само како субвенции, настрана останатите програми и мерки како што се набавка на стока, пчели, за млади земјоделци и останатите. Исто така тука е и ковид мерката за лозарите каде се исплатени 377,7 милиони денари за откупено грозје за винската индустрија. Следуваше и дополнителна мерка за оризо производителите…Субвенциите се мотивирачки дел кој не смее да се запостави. Државната помош за аграрот значи и поддршка на руралните средини, на нашите селата.

 

Христина Фуна

 

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close