fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Стојкоски-Во голема игра не изиграа за цената на пченицата за тоа знаеше и МЗШВ

Цените на житариците растат на светските берзи, а кај нас ќарат откупувачите и млинарите. Нема основа за покачување на цената на лебот кога житото во 80 проценти е откупено за мизерни 10,5 денари од килограм, смета Петре Стојкоски од Асоцијација на земјоделци.

Земјоделците за џабе ја дадоа пченицата од годинешната жетва, аирот го видоа трговците и млинарите откако цените на светските берзи на житото пораснаа, а  поскапи и лебот. За нереалниот откуп на житото годинава знаеше и МЗШВ, но не ги заштити земјоделците, токму затоа првиот човек на Асоцијацијата на земјоделци Петре Стојкоски смета дека откупот на житото ова година беше една голема игра, зашто се знаеше дека жито ќе нема и цената на житните култури ќе расте на светските пазари, па и кај нас. Годинава жетвата на пченицата во Македонија тежеше околу 150 илјади килограми жито.

-Цената на житото на почетокот на ноември достигна 15 до 16 денари од килограм, тоа во споредба со цената што им се плати на земјоделците во екот на жетвата е за 5,5 денари плус. Јас и претходно кажав да не се поскапува лебот, доколку пак се поскапи тогаш откупувачите нас како производители треба да ни доплатат околу 5 денари по килограм пченица. Еве сега гледаме дека лебот поскапи, а поскапувањето  е нереално. Зошто? Затоа што мелничарите трошат пченица купена по 10,5 денари за килограм, откупена од нас производителите. Значи цената на лебот не треба да се зголеми, предупредува Стојкоски со напомена дека ако цената на лебот оди нагоре тогаш откупувачите да извршат доплата во разлика кај производителите.

-Милам дека сето ова со откупот на житото ова лето беше игра, која што ја препознавме и МЗШВ ја знаеше оваа игра но не ни помогна, ја дадовме пченицата за без пари, а ова се предвидуваше дека вака ќе биде, дека ќе расте цената на житото. Сега од после нема ефект, довербата е нарушена, трговците ја зедоа пченицата и сега тие користат по 5,5 до 6 денари од секој откупен килограм пченица. Оваа година се случи крајно нереален откуп на пченицата, критикува Стојкоски.

Во екот на жетвата на пченицата, најголем дел околу 80 проценти беше откупена веднаш додека остатокот оние земјоделци кои имаат свои складишта или силоси ја задржаа кај себе чекајќи подобра цена. Стојкоски вели дека и сега има производители кои не ја даваат пченицата за цена од 16 денари за килограм туку чекаат стрпливо ова цена да порасне уште повеќе.

-Земјоделците што ја оставија дома пченицата сега стрпливо чекаат цените уште повеќе да се покачат. Штом на светската берза расте пченицата, ќе расте и кај нас. Но, Министерството за земјоделство треба да се заинтересира малку повеќе, да не повика и да ни даде дополнителен стимул на нас производителите за да произведуваме повеќе пченица. Значи мора да не помогни, бидејќи 1.800 денари е една вреќа тарана, за прихрана на посевите. Значи поскапувањето е од 800 на 1.800 денари. Значи МЗШВ треба совреме да ни ја кажи цената на пченицата, за знаеме колку вложуваме колку ќе добиеме, барем ако ништо повеќе да не сме во загуба. Сега ние не можеме да кажеме колкави ќе ни бидат трошоци оти се поскапува и ѓубривата и нафтата, вели Стојкоски.

 

Анета Блажевска

 

 

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close