fbpx
Без категорија

До каде ќе се задолжува Македонија?

Секое поставување на лимит треба да биде добро осмислено, вели професор Борче Треновски, за да не ѝ се даде отворен простор на владата за долгови, ниту пак да се ограничи потенцијалот за поддршка на развојни проекти, јавува РСЕ.

Владата сака со закон да го ограничи плафонот на задолжување. Законот, кој е во собраниска процедура предвидува лимитот за долгот на владата да биде 60 отсто од БДП, а јавниот долг да не надмине 75 отсто, додека буџетскиот дефицит ќе се ограничи на 3 отсто од БДП. Сличен предлог имаше и во 2014 кога владата предводена од Никола Груевски за таа цел иницираше и устави измени. Секое поставување на лимит треба да биде добро осмислено, вели професор Борче Треновски, за да не ѝ се даде отворен простор на владата за долгови, ниту пак да се ограничи потенцијалот за поддршка на развојни проекти, јавува РСЕ.

Ако Македонија беше човек ќе должеше повеќе од половина од сè што заработила во текот на годината, ако се направи паралела со тоа колку должи државата. Тоа е како на пример кога некој човек заработува 5.000 евра годишно, а должи 3.000.

Долговите на земјата, пак, се мерат во милијарди, односно Македонија должи над седум милијарди евра. Толку изнесува јавниот долг на државата, покажуваат податоците на Министерството за финансии, заклучно со крајот на минатата година. Тоа е над 60 отсто од Бруто домашниот производ.

Јавниот долг го сочинуваат парите што ги должи државата, јавните претпријатија, општините, претпријатијата во државна сопственост, Народната банка. Земјите кои имаат јавен долг до 60 отсто од БДП се умерено задолжени, според критериумите на Светска банка. Кога ќе се надмине тој праг, земјата спаѓа во категоријата висока задолжена.

СДСМ откако е на власт го зголеми јавниот долг за речиси 2,5 милијарди евра. Во 2017 кога доаѓаат на власт долгот бил 4,7 милијарди евра или 47,7 отсто од Бруто домашниот производ (БДП). Јавниот долг сега изнесува 7,135 милијарди евра или 60,8 отсто од Бруто домашниот производ (БДП). За време на кризата со пандемијата на ковид-19, јавниот долг минатата година во вториот квартал надмина и 63 отсто од БДП-то.

Министерот за финансии Фатмир Бесими во колумна пред една недела наведе дека во собраниска процедура е Законот за буџети, со кој се пропишува лимит за долгот. Според Бесими, долгот на општата влада ќе се ограничи на 60 отсто од БДП, и гарантираниот долг на 15 отсто од БДП, односно вкупниот јавен долг на земјата да не надмине 75 отсто од БДП. Во новиот предлог закон за буџети се дефинира и буџетскиот дефицит да не надмине ниво од 3 проценти од БДП, пишува министерот за финансии.https://www.slobodnaevropa.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close