Трактор IMT 539
IMT 539 2WD/4WD е најзастапен модел во производната програма на ИМТ. Се работи за универзален трактор кој што со соодветни приклучоци овозможува широка примена во земјоделство, шумарство, комунални и други дејности.
Во прва варијанта, тракторот се произведуваше со мотор од 33 КС и носеше ознака IMT 533. Покасно доби нов мотор од 39 КС. Тракторот е лиценцен – од фабриката MASSEY FERGUSON. Моторот е исто така лиценцен од фабриката PERKINS.
Трактор IMT 539 се нуди со стар и со нов дизајн на плаштот на моторот и кабината. Квалитетот на новиот дизајн овозможува подобра функционалност и подобра ергономија. Ракувањето со тракторот е едноставно и лесно.
Основните карактеристики на тракторот IMT 539:
Мотор: IMR M33/T четворотактен
Моќност: 30 kW
Квачило: двостепено
Кочници: Добош, механичка команда
Управувач: Механички или хидрауличен
Пневматици: предни 6-16, задни 11,2-28
Надворешни мерки: должина/ширина/висина – 3220 /1665 / 2200
Маса на тракторот: 2WD/1780, 4WD/1930