Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

2.700 грла овци уништени поради сипаници – Сточарите на средба со АХВ

Средбата е закажана за 13 часот, а по неа, во 14:15 часот, пред АХВ изјава ќе даде претседателот на Сојузот, Насер Џемаили.

Членови на Управниот одбор на Сојузот на одгледувачи на овци „Модерен овчар“ денеска ќе одржат средба со претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) поради појавата на сипаници кај малите преживари.

Средбата е закажана за 13 часот, а по неа, во 14:15 часот, пред АХВ изјава ќе даде претседателот на Сојузот, Насер Џемаили.

Членот на Управниот одбор на Сојузот, Моме Младеновски, за МИА информира дека состојбата со сипаниците кај овците во земјава постојано се следи.

„Состојбата ја следиме континуирано, и ние и ветеринарните инспектори и ветеринарните друштва. За секој сомнителен случај што ќе го пријават сточарите, веднаш се излегува на терен“, изјави Младеновски.

Досега, поради појавата на сипаници кај овците во земјава, уништени се околу 2.700 грла.

Поврзани новости

Back to top button