fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Ги нема парите од биогасната централа, добивката се претвори во „минус“

Како ЗК Пелагонија од Битола влезе во загуба од 890 илјади евра, пишува Фактор

Ја нема биогасната централа, ги нема ни високите приходи, а добивката се претвори во загуба.

Најголемиот производител на леб во земјава, ЗК Пелагонија од Битола, кој поседува и биогасна централа, Пелагонија Енерџи, но потоа нејзиниот удел во централата беше запленет од изврштел, ги објави финансиските резултати за првите девет месеци од годинава. Тие говорат дека компанијата овој период го заврши со негативен финансиски резултат од 891 илјади евра, додека, пак, во истиот период лани добивката изнесувала одлични 2,6 милиони евра.

Во своето образложение комбинатот не дава некои значајни образложенија, освен наброени посебни билансни ставки, па да видиме што кажува Билансот на успех.

Компанијата има оперативни приходи многу солидни, односно 15,5 милиони евра, но тоа е намалување за цели 27 проценти во однос на истиот период лани.

Приходите од продажбата биле најголеми и изнесувале 12,9 милиони евра, што е пад за 28 отсто, а од нив најмногу или 12 милиони евра се приходи од продажба на домашниот пазар, што е уште поголем пад, за 31 отсто.

Додека, пак, приходи од продажба на странскиот пазар се многу малку, само 850 илјади евра, но барем тоа е единствената ставка што има добар раст, за 79 отсто.

Останатите оперативни приходи биле 2,2 милиони евра, и тука има значајно намалување за 25 проценти.

А, оперативните расходи дошле на повисоко ниво од оперативните приходи, и тоа ја прави всушност самата оперативна загубана компанијата.

Ова говори дека не е само фактот што ја нема дивидендатата од биогасната централа причина што се влезе во зоната на минусот, туку се влошило и самото редовно работење на компанијата.

Целата анализа на https://faktor.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close