fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Нурал Исмаили со три слоеви најлони го заштити расадот за тутун од измрзнување. Ќе нема ни храна, ни тутун, вели Нурал

Нурал е разочаран од сточарството

Нурал Исмаили има 31 година и е земјоделец од битолското село Жабени. Огледува тутун на 14 декари, пипер на 10 декари, бостан на 4 декари.

Нурал е и сточар во шталата чува 46 грла говеда.

По ниските температури и врнежите од снег, вчера и ноќеска, Нурал вели дека со три слоја најлони успеал да го заштити расадот за тутун да не измрзне.

„Ноќеска станував да го проверувам расадот за тутун и пипер бидејќи бев загрижен дека ќе измрзне. Расадот за тутунот е во добра состојба, малку измрза расадот за пиперот по краевите од леите. Вакво време, снег и мраз во апарил е најлошо за земјоделците. Ќе нема ни тутун ни храна“, вели Нурал за „Зелена берза“.

Нурал оваа година за првпат сади тутун и очекува да произведи околу 3 тони тутун.

„За првпат садиме тутун оти е поисплатлив, исто како и пиперот“, вели Нурал, кој пипер сади повеќе од 6 до години.

Се жали дека во бавчата цутот кај праските и црешите речиси е уништен, паднат во голем процент, а се очекува студот за продолжи.

Нурал е сточар, но  е разочаран од сточарството.

„Јас сум сточар од дедо и прадедо, но сточарството е тешко и сега не е исплатливо. Многу има трошок за храна за кравите, а и многу пари даваме за кирија за нивите што проиведуваме сточна храна. Млекото ми го откупуваат на 29 до 30 денари и сега ми го земаат на класи според квалитет. Месечно предавам од 6 до 7 тони млеко.  Крави да се чуваат веќе не е исплатливо и мора да се мисли на друга земјоделска гранка. Кравите мислиме да ги продадеме“, вели Нурал во разговор за Зелена берза.

За потребите на фармата Нурал на 80 декари сади пченка за силажа и 60 декари пченка – зрно за концентрат што прави. 100 декари сади луцерка и ливади.

„Два пати годишно садиме грашак, го косиме, го сушиме и накрај во  мај месец пченка садиме. Ама не се исплаќа. Субвенциите за кравите не се редови и тоа ни е проблем. Од 46 крави што имам земам  субвенции само за 30 грла, кои се  поголеми од една година, другите не влегуваат во системот. За нив имаме трошоци, а немаме надомест од државата“, вели Нурал за Зелена берза.

 

Анета Блажевска

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close