
Паркинсоновата болест почесто се појавува во земјоделски региони труени со глифосатии паракват
За науката не е случајно тоа што Паркинсоновата болест почесто се појавува во земјоделски региони труени со глифосатии паракват. Сепак сè уште се прска и ќе се прска со овие пестициди. Холандски експерт го споредува ова со задоцнетото свестување од канцерогеноста на азбестот. Науката навреме предупредува, политиката не реагира, па дури по половина век ќе се прашаме „Што по ѓаволите мислевме?“.
Паркинсоновата болест е вештачка, предизвикана од хемикалии во пестициди, а не се ни обидуваме да ги спречиме причините, предупредува холандскиот лекар Бас Блум, шеф на глобално призната клиника и истражувачки тим во Нијмеген.
Тој објаснува дека Паркинсоновата болест била многу ретка до почетокот на 20 век. Стапките почнале да се зголемуваат паралелно со експлозијата на употребата на пестициди, кои предизвикаа револуција во земјоделството.
Кога англискиот хирург Џејмс Паркинсон првпат ја опишал „трескавата парализа“ во 1817 година, тоа се сметало „редок синдром на стареењето“ на мажите. Два века подоцна, Паркинсоновата болест се зголеми повеќе од двојно на глобално ниво во текот на изминатите 20 години и се проценува дека уште двојно ќе се зголеми во следните 20. Сега е едно од најбрзо растечките невролошки нарушувања во светот, надминувајќи ги мозочните удари и мултиплекс склерозата.
Извор https://off.net.mk/