
Агро бизнисВестиЕкологијаМакедонијаТоп вести
Африкански бран и летни температури од средината на следната седмица
Метеопрогнозерот Славчо Попоски највува - во текот на следната седмица, температурите ќе бидат летно високи и тие на повеќе места ќе се искачат близу 30 степени, а во Повардарието тие ќе бидат над 30 степени.
Следната седмица ни пристигнува првиот Африкански топол бран и истиот конечно ќе ни донесе многу повеќе сонце, како и летни температури на воздухот, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.
Во текот на следната седмица, температурите ќе бидат летно високи и тие на повеќе места ќе се искачат близу 30 степени, а во Повардарието тие ќе бидат над 30 степени.
Врнежите пак речиси и дека ќе ги немаме следната седмица, а тоа значи дека барем отсега гледано, очекуваме конечно повеќедневно стабилно и суво време, со многу повеќе сонце.
Од 1 јуни ни почнува климатолошкото лето.