fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Почнува пролетта – студено утро и сончев ден со мала облачност

Според УХМР денеска во 4:06 часот настапи пролетта, а во исто време на Јужната хемисфера почнува есента. Пролетта ќе трае 92 дена до 20 јуни кога ќе почне летото.

Студено утре, а преку ден ќе биде сончево со појава на мала облачност. Ова утрово го соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), посочувајќи дека минималната темперература ќе биде во интервал од 2 до 9 степени, а максималната од 11 до 19 степени.Ќе дува и слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Во Скопје слично време со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Според УХМР денеска во 4:06 часот настапи пролетта, а во исто време на Јужната хемисфера почнува есента. Пролетта ќе трае 92 дена до 20 јуни кога ќе почне летото.

На првиот ден од пролетта, Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 37 минути, а ќе зајде во 17 часот и 46 минути. Денов ќе трае 12 часа и 9 минути.

Следува период на стабилно време со ниски утрински температури, кои наместа ќе се спуштат под нулата, а дневните до петок ќе бидат во постепен пораст.

На крајот на работната недела ќе има услови за појава на слаб повремен дожд. Дотогаш ќе продолжи да дува северен ветер.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close