fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Со новиот закон за вино лозарите добиваат поголема поддршка

Николовски-Закон што на лозарите конечно им дава гарантирана откупна цена на винското грозје.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во Кавадарци ги информираше лозарите дека новиот закон за вино, подготвен од министерството, веќе е во собраниска процедура и очекуваме негово донесување до 4 април оваа година.

– Нашата искрена грижа за овие два важни сектори ја потврдуваме и со подготвениот нов закон за вино. Закон што на лозарите конечно им дава гарантирана откупна цена на винското грозје. Закон кои го оцртува идниот развој на овие важни сектори“, истакна министерот Николовски. Тој додаде дека не беше ниту малку лесно да се подготви ваков закон, а притоа да нема никакви забелешки, ниту од винариите, ниту од лозарите. Потребно беше многу труд, енергија, состаноци со винариите, со лозарите, за да се подготви решение кое ќе биде прифатливо, а со тоа и успешно решение, истакна на средбата министерот Николовски.

Со новиот предлог Закон за вино ќе се утврдува производната цена на винското грозје по килограм, најдоцна до 15 јули во тековната година и тоа за најмалку две најзастапени сорти. Пресметката на трошоците за производство на килограм винско грозје на определена површина и соодветен квалитет, согласно дадена методологија, предвидено е да ја врши високо образовна или научна институција од областа во земјоделството.

Преку новиот закон системот за заштита на географските индикации на виното во целост се усогласени со европското законодавство, предвидувајќи истите да се заштитуваат на национално и меѓународно ниво со заштитена ознака за потекло или заштитена географска ознака. Дополнително со новиот закон за вино следува и поголема поддршка за лозарите, бидејќи во законот се предвидува подготовка на посебна програма за директна поддршка во лозарството. Токму затоа во интерес на лозарите неопходно е брзо и без блокирање, донесување на ова важно законско решение.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close