Ако не ги зачуваме пчелите, ќе треба да си опрашуваме рачно
Во Кина како последица на драстично намалување на пчелните семејства (на пчеларите) во природата, фармерите се принудени рачно да вршат опрашување на своите земјоделски култури.
Фармерите во Кина, заради драстично намалување на пчелните семејства во природата, мораат рачно да ги опрашуваат своите земјоделски култури, предупредуваат од компанијата Macedonian honey и потенцираат дека секој дополнителен трошок од типот на пашарина за пчелите, значи ризик за намалување на бројот на пчелите.
Во Кина како последица на драстично намалување на пчелните семејства (на пчеларите) во природата, фармерите се принудени рачно да вршат опрашување на своите земјоделски култури. Фармерите и нивните деца треба да се искачуваат на гранките вооружени со четки за индивидуално опрашување на секој цвет, предупредуваат од македонската компанија Macedonian honey, која во финалето на StartUp Europe Awards 2018 победи во категоријата климатски промени, помеѓу 134 компании од цела Европа.
Тие реагираат на најновите предлог измени во Законот за пасишта, со кои се предвидува да се наплаќа пашарина за пчелите што ќе ги запрашуваат цветовите на државно земјиште.
– Имаме потреба повторно да ја нагласиме важноста на пчелите за севкупното општество и биодиверзитетот – велат од компанијата.
Овие иновативни луѓе кои активно учествуваат во заштитата на биодиверзитетот и во одржувањето на популацијата на медоносната пчела, велат дека секој дополнителен трошок од типот на пашарина за пчелите значи ризик за намалување на бројот на пчелите.
Во насока на својот постојан ангажман да предизвикаат интерес кај јавноста и да едуцираат дека пчеларењето нема единствена цел да произведе што повеќе мед, туку дека е одговорна работа, при што добросостојбата на пчелите и околината е во прв план, а вишокот на мед кои тие го произведуваат е награда за нашата активност, нашите соговорници потсетуваат на неколку главни поенти:
- Пчелите опрашуваат 80% од растенијата со 100% ефикасност
- Едно пчелно семејство може да опраши 300 милиони цветови дневно
- Пчелите овозможуваат да се зачуваат живеалиштата на останатите инсекти, птици и дивиот свет
- Пчелите се главни ’виновници‘ за живописната околина и разнобојните цветни пејзажи
- Се проценува дека опрашувачите, вклучувајќи ги медоносните пчели, бумбари и дивите пчели, придонесуваат најмалку 22 милијарди евра секоја година во европската земјоделска индустрија, односно 150 милијарди евра на глобално ниво.
- Во САД се плаќа (на пчеларите) во просек 220 долари по пчелно семејство за опрашување на познатите калифорниски бадеми. Потребни се околу две колонии на хектар за да се опрашат 1,2 милиони хектари бадеми. Тоа се околу 2,5 милиони пчелни колонии од целата земја.
- Во Кина како последица на драстично намалување на пчелните семејства (пчелари) во природата, фармерите се принудени рачно да вршат опрашување на своите земјоделски култури – фармерите и нивните деца треба да се искачуваат на гранките вооружени со четки за индивидуално опрашување на секој цвет.
- https://plusinfo.mk/ako-ne-gi-zachuvame-pchelite-e-treba-da-si-oprashuvame-rachno/