Ако продолжи со ова темпо да се шири африканската свинска чума во Бугарија за една до две години може да останат без свињи
Ако продолжи со ова темпо да се шири африканската свинска чума во Бугарија за една до две години може да останат без свињи.
Африканската свинска чума зема се поголем замав во Европа но она што е особено значајно за нас е тоа што не престанува да се шири и во соседна Бугарија. Мапата која ја изработија во Бугарија најсликовито покажува колку е раширена оваа болест која не е опасна за човекот но е економски многу значајна бидејќи за неа нема вакцина и методите на спречување на ширење се сведуваат на уништување на свињите.
Последниот случај е кога е откриена болеста на една фарма на која ќе бидат заклани сите 24 илјади свињи а само неколку дена претходно во еден ден се открија 4 нови жаришта во кои е наредено нештетно да се убијат 40 илјади свињи. Вкупната бројка според некој груби проценки е дека досега имаат загуба на околу 250 до 300 илјади свињи само во Бугарија а она што треба нас да не загрижи од оваа мапа е дека по должината на границата со Македонија имаат регистрирано чума кај дивата популација. За среќа од сите мостри кои пристигнуваат во лабораторијата на ветеринарниот факултет од отстрелани диви свињи досега нема ниту еден позитивен пример кај дивите свињи во земјава.
Првиот човек на бугарската агенција за безбедност на храната изјавил дека ќе се преземат драконски мерки меѓу кои спаѓа и забранат за движење додека не се смири појавата на нови жаришта како и наредбата секоја фарма со над 5 илјади грла да добие официјален ветеринар кој ќе врши постојан надзор и ќе информира за состојбата и за спроведувањето на биосигурносните мерки. Но состојбата со африканската свинска чума е закана и за европската унија . Германија подига ограда во висина од 90 сантиметри кон Полска каде според официјалните податоци само во Декември се забележани 55 случаи на африканска свинска чума.
Германија како најголем извозник на свинско за европскиот пазар и за Кина каде има огромен недостиг заради оваа болест ја има болеста само на 30 километри од страната на Полска и затоа во сојузната држава Брандебург се подигна оградата и им се дозволи на ловџиите помасовно да вршат отстрел за поголема заштита од пренесувањето преку диви свињи. За следната недела и Саксонија најави дека ќе постави 4,5 километри електрична ограда кон ризичните региони во соседна Полска.
З.Б.