Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Активисти со блокада во одбрана на Дошница од изградба на хидроцентрала

Ова со години беше една од најжешките еколошки теми во државата, а aктивистите организираа деноноќни блокади за да го спречат уништувањето на една од најчистите реки во Македонија. Минатото лето, на Кожуф дојде и шведската активистка Грета Тунберг, за да ги поддржи напорите да се зачува недопрената природа на Кожуф. Потоа, во септември лани, фирмата ја повлече целата механизација од Кожуф.

Група активисти од Гевгелија, но и од околните места и од цела Македонија, објавија дека одново се собрале на протестна блокада на планината Кожуф, откако дознале дека властите ѝ ја продолжиле дозволата за изградба на мала хидроцентрала на реката Дошница на фирмата која ја добила концесијата.

Ова со години беше една од најжешките еколошки теми во државата, а aктивистите организираа деноноќни блокади за да го спречат уништувањето на една од најчистите реки во Македонија. Минатото лето, на Кожуф дојде и шведската активистка Грета Тунберг, за да ги поддржи напорите да се зачува недопрената природа на Кожуф. Потоа, во септември лани, фирмата ја повлече целата механизација од Кожуф.

Сега, се чини дека опасноста од контроверзните концесии за хидроцентрали на македонските реки, доделени пред повеќе од десет години, е повторно актуелна и тоа повторно ги мобилизира активистите.

„Јавно соопштуваме дека знаеме оти е продолжена дозволата за градба на минихидроелектраната на Дошница. Знаеме и дека се подготвува внесување на механизација со обезбедување, со цел да се оттурне народот и да се оттурне вистината. Но, нека биде јасно — Дошница Е НАША! Нема сила што ќе нè натера да молчиме додека се уништува една од последните чисти реки и природни богатства. Ги потсетуваме градоначалниците на општините Кавадарци, Гевгелија и Демир Капија дека го потпишаа барањето поднесено од нас, активистите, за издвојување средства од ребалансите на општинските буџети за изработка на побараните студии, документ кој беше потпишан и од 13 академици. ГИ ПОВИКУВАМЕ ДА ГО ИСПОЛНАТ ПОТПИШАНОТО! Ја информираме јавноста дека од денес повторно започнавме со блокади. Ќе стоиме пред багерите, пред механизацијата и пред секој обид за ставање на Дошница во цевка. ДОШНИЦА Е НАШ! КОЖУФ Е НАШ!“, пишуваат активистите во објава на социјалните мрежи.

Поврзани новости

Back to top button