fbpx
ВестиСовети

Активности со градинарските култури во месец јуни

Градинарство

Во месец јуни продолжува грижата за градинарските култури кои се одгледуваат во оранжерии. Во слободниот простор кај некои култури, како тиквички, копар и др. може да се засади праз, целер, кромид и др. Топлотниот режим треба правилно да се регулира во полиетиленските оранжерии – само во ладни денови и ноќи треба да се затвараат вратите и проветрителите.
Кај раните сорти високо стеблести домати, кога ќе бидат развиени 4-6 соцветија , се прекршуваат врвовите над последното соцветие (зглоб), но не непосредно до него, а се оставаат 2-3 листови. Од ова зависи раната зрелост кај овие сорти. На краставиците се отстрануваат сувите и болни листови за време на бербата. Растенијата треба на време да се наводнуваат и реколтата да се прибира на време.

Треба да се следи појавата на болести и штетници кај доматите. Против пламеница кај компирот се третира со соодветни фунгициди. При појава на пепелница и белокрилка кај краставиците се третира комбинирано со
соодветни инсектициди и фунгициди. По садењето на зелката на отворено, задолжително треба да се следи појавата и веднаш да се третира против вошки и зелкина болва.

Во овој месец вниманието е насочено кон доматите, пиперот, модриот домат и другите култури кои се засадени на отворено. Потребно е редовно наводнување, а кај пиперот после расадувањето привремено се прекинува со наводнување за да може растението да формира подобар коренов систем. Првото окопување на доматите, пиперот, модриот домат и другите градинарски култури помага за побрзо затоплување и аерација на почвата, што е од големо значење за забрзување на растот и развојот на културите. Прашењето ( окопувањето) се врши 7 до 10 дена после садењето. Во овај месец овие
култури треба да се прихранат со 15 – 20кг/ха азотно ѓубриво. Кај тиквиците и
краставиците се прекинува со окопувањето кога нивните стебла ќе се разгранат и ќе го покријат меѓуредието. Долните, остарени листови треба да се отстранат.

Во месец јуни се врши сеење на доцните сорти зелка и карфиол. Најсоодветно време за сеидба е до средината на месецот. Во втората половина од месец јуни се сади и праз и тоа на мегуредово растојание од 25 до 30см и растојание од 15-20см во внатрешноста на линијата. Исто така овај период се сеат и моркови за касно производство, на меѓуредово растојание од30 – 35см и сеидбена норма од 60 – 70гр. на 100метри квадратни. Во периодот од 5 -8 ми јуни се подготвуваат леите за сеење на семето од касните сорти домати, а во периодот од 10 -15ти јуни се подготвуваат леите за производство на садници
од главесто зеље. Семето за касните сорти на краставици се сее на постојано место во гнезда или во редови, во втората половина од месецот. Овој период се прибираат производите од раните сорти на зелка, краставици, тиквици.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close