
Вести
Албанија нуди тунели за одгледување печурки
Армијата ќе даде на тендер пет тунели со плоштина од околу 1.500 метри квадратни во реонот на градот Бабру северно од Тирана. Тендерот за наем ќе се одржи на 18 јануари, јавуваат албански медиуми.
Во време на владеење на Енвер Хоџа во Албанија се изградени над 700.000 бункери и неколку илјади километри подземни тунели за одбрана на државата која сега е членка на НАТО. Дел од тунелите и бункерите ги поседува Министерството за туризам кое сака да ги искористи како туристичка атракција.