fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Вера Бешлиевска – ЈП „Стрежево“ плански и одговорно управува со рибниот фонд во акумулацијата „Стрежево“

ЈП Стрежево - Битола изврши порибување на Aкумулацијата „Стрежево”

-Денеска согласно Законот за рибарство и аквакултура, извршивме порибување на акумулацијата „Стрежево” од сопствени финансиски средства. Беа порибени 6000 единки со подмладок од крап и пастрмка. Порибувањето го направивме со подмладок од репроцентарот Акватика од Неготино согласно Риболовната Основа и Годишниот план со циприниди и благородни видови на риби. Ние со денешното порибување ја потврдуваме нашата одговорност и грижа за заштитата и одржувањето на животната средина и одржливо обновување на рибниот фонд. Им се заблагодаруваме на директорот на Државниот земјоделски инспекторат, Анакиев кој оддвои време да присуствува на порибувањето, на сите присутни и на медиумите. Стрежево во иднина во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и Државниот земјоделски инспекторат плански и одговорно ќе управува со рибниот фонд во акумулацијата, изјави директорката Вера Бешлиевска.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close