fbpx
Вести

Австралија ја промени дефиницијата за јагниња за да го поттикне извозот

Австралиската влада ја смени дефиницијата за јагниња со цел да го стимулира извозот.

Министерот за земјоделство, Дејвид Литлпрауд, денеска објави дека во иднина како јагниња ќе се сметаат и животните на кои им излегле трајни заби, но на истите нема видливи траги од употреба и абење.

Претходно, дефиницијата за јагниња, вклучувала месо од овци или говеда, штом животните ги загубат млечните заби и добијат трајни секачи.

Менувањето на кавалификацијата ќе овозможи и нешто постарите овци, кои обично се во добра состојба, да ја поминат дефиницијата за профитабилното јагнешко месо.

Сепак, австралиското министерство за земјоделство не знае точно да каже колку тоа ќе има влијание врз зголемувањето на извозот. Австралија сега извезува јагнешко и овчјо месо во вредност од 2,6 милијарди австралиски долари. Од тоа, четири петтини од нив отпаѓаат на јагнешкото.

Дискусијата во врска со дефиницијата за јагниња во Австралија траеше дваесет години, откако Нов Зеланд, главниот австралиски глобален конкурент во извозот на јагнешко, ја промени својата дефиниција и со тоа стекна предност пред австралиските произведители.

Според истражувањата на австралиските експерти, нема разлика во квалитетот на месото од јагнињата без трајни заби и оние кај кои истите само што се појавиле.

 


 

makfax.com.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close