fbpx
ВестиТоп вести

Бабовски: Почна аплицирањето за добивање на финансиска помош за произведени и предадени градинарски и овошни култури

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува земјоделските производители дека започна поднесувањето на барања за финансиска поддршка за произведени и предадени градинарски и овошни култури во преработувачки капацитети.

Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, вели дека сите земјоделци кои произвеле и предале градинарски или овошни култури од овогодинешната реколта во преработувачките капацитети ќе може да добијат финансиска поддршка од три денари по килограм.

Барањата за финансиска поддршка се поднесуваат по електронски пат во подрачните едниници на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, најдоцна до 25 декември 2018 година. Во прилог на барањето се доставува Потврда за откупени земјоделски производи издадена од страна на регистрираниот преработувачки капацитет.

Бабовски потсети и дека до 25 – ти декември 2018 година, барање за финансиска поддршка може да поднесат и органските производители за следните намени:

„За преработка на органски производи и органски производи во преод вклучително за доработка и пакување на самоникнати видови со органско потекло, за трговија или извоз на свежи и преработени органски производи и органски производи во преод од домашно потекло, за стучна контрола и сертификација и за анализа на својствата на почва и производ“ – истакна Бабовски.

Барањата за финансиска поддршка се поднесуваат по електронски пат во подрачните едниници на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, најдоцна до 25 декември 2018 година. Потребните докумнети се објавени во Упатството за корисници и истото може да се превземе од веб страната на Агенцијата на следната адреса: www.ipardpa.gov.mk во делот „Директни плаќања 2018“, „Упатства за корисници“.

 


 

а1он

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close