fbpx
ВестиТоп вести

Бабовски: Поврат на парите за камати на апликантите кои реализирале ИПАРД инвестиција со кредит од домашните банки

Сите правни и физички лица кои по 25- ти декември 2016 година, користеле средства од Повикот за ИПАРД програмата, а за реализација на инвестицијата подигнале кредит, ќе може да добијат финансиска помош во висина од 50 до 75 отсто од каматната стапка на годишно ниво за период од 10 години. Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, истакна дека помошта е наменета за кредити кои имаат годишна каматна стапка во висина до 8% на годишно ниво, кои се исклучиво пласирани од банки и штедилници со дозвола за работа од Народната банка на Република Македонија за период до 10 години и тоа за инвестиции кои се финансирани од инструментoт за претпристапна помош во земјоделството и руралниот развој од Европската унија (ИПАРД).

„Услов е и кредитот да не е повисок од 500.000 евра во денарска противвредност по среден курс на Народната банка на Република Македонија утврден на денот на склучувањето на договорот за кредит. Право на користење на финансиски помош ќе имаат корисници на финансиски средства од (ИПАРД), кои потпишале договор после завршување на последниот јавен повик за субвенционирање на каматна стапка, односно после 25.12.2016 година.“ – истакна Бабовски

Сите кои ги исполнуваат условите потребно е да креираат електронско барање по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk, за финансиска поддршка со соодветни податоци и да прикачат задолжителни електронски документи

– Договор за склучен кредит со банка или штедилница за инвестицијата финансирана од Инструментoт за претпристапна помош во земјоделството и руралниот развој од Европската унија

Барањата кои ги исполниле условите за користење на средства за мерката 2 ќе се рангираат според датумот и времето на поднесување на електронското барањето на

Еден барател, може да поднесе само едно барање за една мерка, или најмногу 2 поединечни барања по различни мерки, земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година. Краен рок за аплицирање е до 18.01.2019 година.

a1on

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close