fbpx
Вести

Бабовски : Утре истекува рокот за поднесување апликации за Мерка 3 по ИПАРД Програмата

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурланиот развој, ги потсетува сите корисници на ИПАРД Програмата дека утре истекува рокот за доставување на апликации по Мерка 3 „ Инвестиции во материјални средства во преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“. Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, информира дека со овој јавен повик им се овозможува на домашните претпријатија и на земјоделските задруги да инвестираат во отворање на преработувачки капацитети и опрема, при што 50 отсто од инвестицијата ќе им биде кофинансирана, односно финансиските средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка. Притоа, 75 отсто од средствата кои ќе бидат кофинансирани ќе бидат обезбедени од инструментот за претпристапна помош за рурален развој на европската унија ИПАРД 2014- 2020, а 25 отсто од средствата ќе бидат кофинансирани од Буџетот на Република Македонија.

„Ги охрабрувам сите стопанственици кои сакаат да ги зголемат капацитетите, да градат нови, или истите да ги опремат со нови современи машини за преработка на земјоделски производи, месо, млеко да аплицираат затоа што на располагање само со оваа мерка се 13,2 милиони евра, средства кои можат да им го олеснат работењето, да ги направат нивните производи со поголема додадена вредност а претпријатија да станат поконкурентни.“- истакна Бабовски

Оваа мерка се однесува на инвестиции во преработувачки капацитети за: млеко, млечни производи, месо, и производи од месо вклучително и јајца и живина, овошје, житарици, мелнички продукти, вино и шира. Дополнително, финансиската поддршка се зголемува за 10% доколку се работи за: инвестиции во згради или опрема чија што намена е да се подобри енергетската ефикасност.

„Мора да истакнам дека јас како директор на Агенцијата, се радувам и сум горд што нашите бизнисмени од агро – секторот, но, и земјоделците повеќе на ИПАРД Програмата не гледаат како на нешто недостижно. Напротив, ние како Влада покажавме дека имаме капацитет да им го олесниме патот како полесно да стигнат до европските средства преку кои ќе си го олеснат работењето.“- рече Бабовски.

Ги потсетувам и сите земјоделски стопанства дека имаат рок од уште десет дена за подготовка на апликации за Мерка 1 „ Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства“. Рокот за доставување на апликации за оваа мерка завршува на 9- ти февруари.

Ефикасното искористување на парите од ИПАРД Програмата е врвен приоритет на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, но, и на Владата, затоа што вложувањето на овие средства во агро секторот значи модернизација и зголемување на конкурентноста на македонското земјоделство. Политиките кои ги спроведуваме веќе даваат резултати. Само на првиот повик од ИПАРД 2 се склучени околу 940 договори со вредност од 18 милиони евра, што е повеќе од целиот програмски период за ИПАРД 1


 

biznisvesti

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close