Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Бачовски во Неготино, да види како тече пријавувањето за субвенции за лозови насади
Подрачната единица во Неготино секоја година врши аплицирање за повеќе од 3200 земјоделци
Аплицирањето за земјоделски субвенции се одвива тековно со почитување на сите здравствени протоколи, пишува првиот човек на Плажената агенција Никица Бачовски по посетата на Неготино.
-Ја посетив подрачната единица при МЗШВ во општина Неготино, каде најголем дел од апликациите се за оддржување на лозови насади.
Подрачната единица во Неготино секоја година врши аплицирање за повеќе од 3200 земјоделци, кои потоа се јавуваат како корисници на финансиска поддршка од програмата за директни плаќања која ја имплементира Платежната Агенција, пишува Бачовски.
Рокот за аплицирање за земјоделски субвенции е до 31 мај.