fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Бектеши: Ако има ценовен шок, ќе преземеме мерки

Дали Владата нешто ќе преземе за да го заштити стандардот на граѓаните?

Ако предвидиме дека ќе има ценовни шокови, тогаш ќе интервенираме во рамките на нашите надлежности и согласно Законот за трговија. Ова го одговори министерот за економија Крешник Бектеши на новинарско прашање: „Дали знае што се случува во продавниците и дали Владата нешто ќе преземе за да го заштити стандардот на граѓаните?“.

Бектеши вели дека засега не се подготвува реакција, но објасни какви се можностите.– Постојат две можности. Една е сувбенционирање на производителите, со цел помали цени. Но, прашањето е дали со домашното производство може да се задоволи потрошувачката. Ако не може, тогаш може да се ограничат увозните цени, со тоа што ќе се лимитира маржата. Ние бевме единствена земја во регионот која  на почетокот на пандемијата ги замрзна цените на одредени продукти, и ако треба, тоа пак ќе го направиме – рече Бектеши.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close