fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Бектеши: Рестрикции ќе нема, мерките се да не поскапи струјата за домаќинствата

-Кризната состојба во енергетскиот сектор ќе биде прогласена за да можеме како Влада директно да вбризгаме средства од буџетот за ЕСМ и МЕПСО за да се зголеми нивната ликвидност.

Прогласувањето на енергетска кризна состојба не значи дека ќе има рестрикции на струја, такви мерки не се предвидени. Согласно сите податоци кои ги имаме во моментов нема проблем со снабдување на електрична енергија, кризата е поради големите ценовни шокови на берзите на струја, затоа ќе побараме од Владата на следната редовна седница да биде прогласена енергетска кризна состојба.

Ова го истакна министерот за економија Крешник Бектеши во вечерашното гостување во дневникот на Сител Телевизија.

-Кризната состојба во енергетскиот сектор ќе биде прогласена за да можеме како Влада директно да вбризгаме средства од буџетот за ЕСМ и МЕПСО за да се зголеми нивната ликвидност. За таа цел ја ги направивме и измените во Уредбата за прогласување на кризна состојба за да може да се префрлат средства за енергетските компании. Од Министерството за финансии се обезбедени околу 100 милиони евра за да може директно да се интервенира во овие две компании за да може МЕПСО да ги покрие долговите кои ги има, а ЕСМ да обезбеди јаглен за производство на електрична енергија, кажа министерот Бектеши.

Тој потенцираше дека во моментов се работи на ставање во функција на сите домашни капацитети за производство на електрична енергија за да нема ценовни шокови, односно да нема покачување на цената на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи.

-Од домашно производство производната цена на електричната енергија изнесува од 56 до 70 евра за мегават час, додека цената на струјата на берзите е 200 евра за мегават час. Со мерките кои ги носиме се грижиме за граѓаните и домаќинствата и за малите потрошувачи да нема зголемување на цената на струјата, кажа Бектеши.

Министерот потсети дека веќе се донесени мерки за да се избегнат ценовни шокови како што е намалување на ДДВ на електрична енергија, како и програмата за енергетска сиромаштија.

-Во моментов се подготвува нова Програма за ранливите категории на граѓани кои добиваат ваучери од 1000 денари за енергетска сиромаштија, а со оваа програма им се помага на 35 илјади домаќинства во нашата држава, за нивно зголемување, како и директно да влијаеме на оваа група на граѓани, истакна министерот Бектеши.https://nezavisen.mk/bekteshi-restrikcii-kje-nema-merkite-se-da-ne-poskapi-strujata-za-domakjinstvata/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close