fbpx
Рурален туризам

Белица

Село Белица е едно од најубавите кичевски села, сместено во подножјето на Беличка планина. Живописната природа, локалното население, богатото културно историско минато се причина ова село да е едно од најпознатите и најпосетуваните села во Кичевско. Селото Белица се наоѓа на 17км јужно од градот Кичево на надморска висина од 743 до 773 метри.

belica

 

Селото има 2 цркви: Св. Ѓорѓија и Св. Александар. Сегашниот објект на Св. Александар датира од средината на XX век. Селската слава и општонароден собир е Александрија (според истоимената црква) и се слави на 26 мај кога голем број беличани од секаде доаѓаат во селото.

Во 1945 година селото имало 200 домаќинства и близу 1000 жители. Денес повеќето куќи се напуштени, а во поново време се градат современи викендички. Во Белица денес живеат околу 80 жители.  Населението масовно се отселува во Кичево, Демир Хисар, Битола, Скопје, како и во Шведска, Австралија, САД и Канада.

belicabegin

Во средината на седумдесеттите години замира и училиштето „Стојмир Пантилески“, кое за време на своето постоење било средиште на културните збиднувања во селото. Детскиот џагор одамна го нема. Луѓето се распрснаа низ целиот свет. Полека почна да пропаѓа убавиот објект на училиштето кој бил граден со голема љубов од селаните пред повеќе од 80 години. Но секоја година налето нивните деца го посетуваа родното село, незаборавајќи откаде се.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close