fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаМлад земјоделецРурален туризамРурална ЖенаТоп вести

До Нова година ќе бидат исплатени сите субвенции за 2023, 2022, 2021 година

Стоилев: До крајот на оваа година на земјоделците ќе им се исплатат сите заостанати субвенции

До крајот на 2024 година ние нема да имаме неисплатени обврски ниту за 2022, ниту за 2023, ниту за 2021 значи до последен денар земјоделците ќе бидат исплатени.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието (АФПЗРР) Илија Стоилев во емисијата Студио 10 најави дека до крајот на оваа година ќе се исплатат сите заостанати субвенции и голем дел од 2024 година.

– Со доаѓањето на Владата се доделија 600 милиони денари за подмирување на долгови за неисплатени субвенции за изминатите 2021, 2022 и дел од 2023 година, некои мерки воопшто не беа исплатени, некои половично па беа доплатени. Со ребалансот се издвоија уште 1.280.000 денари. До крајот на 2024 година ние нема да имаме неисплатени обврски ниту за 2022, ниту за 2023, ниту за 2021 значи до последен денар земјоделците ќе бидат исплатени. Се прават напори и од страна на Министерството за финансии и од МЗШВ заедно со Владата да се изнајдат средства да се исплати голем дел од 2024 година.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close