fbpx
ВестиМакедонија

Бесими: Годинава ќе имаме економски раст дури и според песимистичкото сценарио

По првото тримесечје од 2021 ќе почнат да слабеат ефектите од здравствената криза и соодветно на тоа ќе почне да се враќа довербата на инвеститорите

По првото тримесечје од 2021 ќе почнат да слабеат ефектите од здравствената криза и соодветно на тоа ќе почне да се враќа довербата на инвеститорите, како и да се намалува преголемата претпазливост на потрошувачите, што би резултирало со стапка на раст на економијата од 4,1отсто, согласно основото сценарио. Дури и да се случи песимистичко сценарио, односно пролонгирање на пандемијата, сепак годината би ја завршиле со позитивна стапка на економски раст, вели министерот за финансии Фатмир Бесими.

– Со почетокот на имунизацијата се очекува да расте довербата кај инвеститорите и потрошувачите, што ќе резултира со закрепнување на инвестициите и приватната потрошувачка. Со закрепнувањето на нашите трговски партнери ќе расте и надворешната побарувачка. Како што изминува времето, се очекува слабеење на здравствената криза и етапно подобрување на епидемиолошката слика, повисока искористеност на производствените и услужните капацитети и поволни ефекти од економските мерки. Евентуалното пролонгирање на пандемијата би резултирало со ограничувачки мерки, реперкусии врз глобалните синџири на снабдување и надворешната побарувачка, влошени очекувања на деловните субјекти и домаќинствата, намален прилив на инвестиции и парични дознаки од странство. Во тој случај закрепнувањето на домашната економија ќе биде значајно забавено, но сепак годината би ја завршиле со позитивна стапка на економски раст,  истакнува министерот во интервју за „Капитал“.https://nezavisen.mk/besimi-godinava-kje-imame-ekonomski-rast-duri-i-spored-pesimistichkoto-scenario/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close