вестиСоветиТоп вести

Без овие 3 работи секое вложување и подигнување на овоштарник е ризично

За придвижување на производството на некоја овошна врста, многу е важно да мислите однапред. Понатаму, доколку сакате да си осигурате род за многу години однапред како и негов пласман на пазарот морате да водите сметка за 3 работи. Тоа е постигнување на квалитетен плод, заштита од град и одбрана на овоштарникот од штетници. Искуствата покажале дека без овие три елементи, секое вложување и подигнување на овоштарникот е ризично и несигурно.

Противградна мрежа – заштита од град

Градот на овоштарниците им нанесува двојна штета. Првата е директна штета, таа се согледува во оштетувањето на плодовите и намалениот принос. Другата е индиректна штета, кога доаѓа до кршење на родните гранки и последиците можат да се почувствуваат дури наредната година. Освен тоа, повредите на растението се идеални места за продирање на патогени, па последиците може да бидат далеку посериозни. Кога ќе се земе предвид колку економска штета, може да предизвика градот, поставувањето на противградна мрежа, се покажа исплатливо на долги стази, иако за вложување потребно е да издвоите малку повеќе пари.

Противградната мрежа има многу предности. Освен заштитата од градот, тие ги штитат овоштарниците во најжешките летни месеци од сонце и изгореници. Тие претставуваат и моќна бариера за инсектите и птиците. Најдобро е мрежата да ја поставите пред садењето, но ако не можете веднаш да го направите тоа, треба да ги поставите барем столбовите, а мрежата може да се додаде и подоцна.

Со цел системот на противградна мрежа да се биде сигурен и долги години стабилен, од суштинско значење е употребените материјали да бидат со највисок квалитет. Компанијата BIG HARVEST внимателно ги избрала висококвалитетните и атестирани производи кои се користат во цела Европа и спаѓаат во највисоката класа наматеријали за овој вид на дејност.

Проектирањето на системот на противградната мрежа е најчувствителниот сегмент од оваа работа, бидејќи ефектот на крајната заштита зависи од него. Привелегијата да ги работи овие проекти ја има Стефано Конти, агроном со европска репутација и неколкудецениско искуство во оваа област, како и висококвалитетни материјали што се користат во монтажа, со што ја стави оваа компанија во позиција да им даде на своите клиенти 5-годишна гаранција на комплетен систем на поставување на противградна заштита.

Огради – заштита од штетници

Со цел да се заштитат садниците од животни, глодари и воопшто од сите видови на штетници кои можат да ги оштетат садниците, неопходно е да се постават огради околу овоштарниците. Компанијата БИГ ХАРВЕСТ им ги нуди на своите клиенти сите видови на огради, почнувајќи од ограда изработена од плетена жица која може да биде поцинкована или пластифицирана до панелни огради, кои може да бидат 2D или 3D, со комплетен дополнителен материјал.

Потоа се одредува висината на оградата, бројот на редовите на затегнувачка и шилеста жица и други елементи, како и самиот начин на вградување. За да се постави оградата, компанијата BIG HARVEST користи систем кој има мал број на изведувачи  на овие работи. Овој систем се состои во фактот што оваа компанија, со својата механизација, најпрво ги копа каналите во кои плетената жица се поставува на 20 см под површината на земјата.

После поставувањето на плетената жица, каналите се затрупуваат, земјата се набива и така се постигнува, штетниците да не можат да се провнат под плетената жица и да го загрозат овоштарникот. Столбовите се бетонираат на почетокот, на аглите. Сите останати елементи (висината на столбовите, ширината и дебелината на плетената жица, бројот на редови на бодликавата жица…) се предмет на договор со инвеститорот.

Систем за наводнување – гарант за квалитетен плод

Покрај температурата и светлината, водата има големо значење за успешен раст на растенијата. Без разлика дали ги одгледувате во затворени простории или на отворено, мора да се направи план како ќе се снабдува растението со вода и како ќе се залева.

Најголемата предност на системот за наводнување е во неговата економичност и ефикасностза разлика од рачното залевање. Системите за наводнување обезбедуваат високи приноси и квалитет на производите, без оглед на тоа какви се природни услови во годината.

Наводнувањето, покрај противградните мрежи и огради, е третиот елемент, неопходен за овоштарникот да биде подготвен за садење на растенијата. Без овие три работи, или без еден од нив ризично е влегувањето во така голема инвестиција, како што е подигнувањето на овоштарник. За да ја комплетира својата понуда по системот “клуч на рака”, компанијата BIG HARVEST решението го пронашла во соработка со својот стратешки партнер, H2O компанијата. Големото искуство, како и квалитетните материјали на еден од најголемите светски производители на оваа опрема, израелската компанија RIVULIS, гарантираат дека вашиот овоштарник ќе добие најквалитетна опрема за наводнување и прихрана на растенијата.

Компанија Big Harvest

Компанијата БИГ ХАРВЕСТ ја сочинуваат професионалцисодолгогодишноискуствовомонтажа и поставувањенасистемот за антиграднамрежа, системизанаводнување, како и ситевидовинаогради и порти. Восвоетоделовноработење, компанијатасепотпиранасоработкасоврвнипартнери од оваа област, какоодСрбија, така и одЕвропскатаунија.

Комплетниотпроцеснамонтажа, којоваакомпанијаимгонудинасвоитеклиенти е заокружен и вклучувагеометарскомерење и омеѓување, проектирање, обележувањенапарцели, машинскозабивањенабетонскистолбови од преднапреднат бетон, копањеканали, дупчењенадупки за столбови за огради, комплетнопоставувањенасистемизапротивградна заштита и наводнување, со едензборсокомпанијата BIG HARVEST клиентот добива “клучнарака”!

 

Зелена берза

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close