fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Без работа останале 16.000 работници за две години на пандемијата

Од Агенцијата за вработување велат дека овој сигурно број би бил далеку поголем, ако не биле преземени повеќе активни мерки за вработување

За изминативе две години откако започна пандемијата, во државата дури 16.000 работници биле отпуштени од работа. Од Агенцијата за вработување велат дека овој сигурно број би бил далеку поголем, ако не биле преземени повеќе активни мерки за вработување, преку кои дел од невработените отвориле свој бизнис или се вработиле во фирми кои ги користат овие мерки.

„Според податоците од нашата Агенција за вработување, од моментот кога пандемијата започна кај нас, односно од март 2020 година па заклучно со 31 декември 2021 година, од работа биле отпуштени речиси 16.000 лица. Сите тие се пријавиле како невработени во Агенцијата за вработување. Отпуштени работници имало од сите сектори, но најпогодени биле секторите хотелиерство и од текстилната индустрија“, рече Беким Мурати, директор на Агенцијата за вработување.

Според Мурати, бројот на лицата кои го загубиле работното место се намалува, а една од причините е што Агенцијата спроведува повеќе мерки за вработување кои еден добар дел од лицата кои останале без работа ги искористиле и отвориле свој бизнис или се вработиле во фирми кои ги искористиле овие мерки.https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/bez-rabota-ostanale-16-ooo-rabotnitsi-za-dve-godini-na-pandemijata/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close