fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Битолски тутунари-ќе останеме без леб

До среда им беше ветено дека ќе им бидат откупени вишоците на тутун

– Две ноќи спиевме тука, гледате колкава колона е, ова што се работи, навистина е грев за народот, разочарани и гневни вака реагираа тутнарите денеска собрани пред монополот на „Сокотаб“ во Битола, кои во долга колона чекаа да го предадат тутунот. До среда им беше ветено дека ќе им бидат откупени вишоците на тутун, ама денеска слушнаа разочарувачка порака : тоа нема да се случи. Изутрината никој не им кажа официјално што се случува, а тие веќе изморени и очајни оти со денови мрзнејќи чекаа во колона, одвај зборуваа. Едногодишната борба и мака како да им падна во вода.

–Нема ништо, ни претставник ни откуп, а ни кажуваа дека до среда се завршува– рече еден пелагониски тутунар пред камерата на Алфа.

– Еве прекинаа и никој не дојде да каже, рече неговиот сосед.

– Ова не е ништо, тешко нас ќе биде оти ќе нема леб да јадиме, а од тоа се живее- рече другиот.

– Кога ќе дојде за гласање ќе не бараат, ама тогаш ќе маваме– рече огорчена тутунарка.

– Ќе го фрлам в река, рече тутунар од Битолско поле. Ќе бидат ли оставени на цедило овие тутунари и ли ќе се најде друг откупувач за сега е неизвесно.

Инаку, од вишоците досега откупени се 3. 300 тони по невидено ниска цена од 60- 80 денари за килограм, што сигурно е дека претходно постигнатиот просечен откуп од 163 денари по килограм на ланската реколта со 23.000 тони, ќе биде многу помал. Сите овие факти и иницијативите на ресорното министерство за договарање на само 21. 000 тони тутун за годинашната реколта, наведува на размисла за узвозот на тутун и големите интереси на тобако играчите, на сметка на домашното производство и армијата тутунари.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close