fbpx
Вести

Биволите да се вратат на македонските фарми

Пред Втората светска војна во Македонија имало околу 39.000 биволи. Овие автохтони видови се одгледувале во скоро сите поголеми општини, Скопско, Кумановско, Брегалничко, Радовиш, Струмица, Дојран, Преспа, Охрид, Битолско, Полошко,… Денес, бројката е сведена на само 60 грла, а интерес за чување речиси не постои.

bivolite da se vratat na makedonskite farmi

 

Со оглед дека биволите главно се употребувале за работа, нивниот број е нагло редуциран по експанзијата на механизацијата, во 50­тите и 60­тите години од минатиот век. Според експерите, денешната состојба не е подобра најмногу поради економската неисплатливост.

Земјава ниту е производител на моцарела која се прави од биволско млеко, ниту потрошувачите се навикнати да јадат/купуваат биволско месо. Биволското месо е едно од најздравите и секаде во светот е 2,5 пати поскапо од телешкото.

Висококвалитетно е и биволското млеко со масленост од над девет проценти. Биволите во сите околни земји се заштитени, а сточарите за нив добиваат субвенции. И кај нас од лани се дава поддршка, по 2.500 денари за грло. ­ Фарми на биволи кај нас има уште во Дебреште, Прилепско, со седум до осум грла, во Свети Николско, со 12 ­-13 грла, и кај мене, со вкупно 30 грла, вели Деан Георгиев.

Се одгледуваат уште неколку, веројатно пет ­ шест грла во Брезница. Значи, Македонија во моментов располага со околу 60 грла, од кои половината се кај мене, вели Деан Георгиев, сопстевник на најголемата фарма за биволи во Македонија, лоцирана во Градско Балдовци, Струмичко.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close