fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Бизнисмените од Кочани и Берово со голем интерес за аплицирање за мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси”

Преку овој Јавен повик на располагање се вкупно 9,6 милиони евра, висината на финансиската поддршка по корисник се движи од 1.500 до 1.000.000 евра

Претставници од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој заедно со петставници од Телото за управување со ИПАРД при МЗШВ, во Кочани и Берово ги оддржаа првите ИПАРД инфо денови.
На ИПАРД инфо денот и во двете населени места присутните се интересираа за начинот и потребната документација за аплицирање за Мерка 7 „Диверзификација на фарми развој на мали бизниси“. Дел од претставниците од бизнис заедницата покажа интерес за можноста за развој на нови производи во секторите билни екстракти, зачини, колачи, производи од овошје, како и отворање на нови капацитети за развој на туризмот. Во помал обем имаше интерес и за зачувување и промоција на традиционалните занаети.
Преку овој Јавен повик на располагање се вкупно 9,6 милиони евра, висината на финансиската поддршка по корисник се движи од 1.500 до 1.000.000 евра, не вклучувајќи го данокот на додадена вредноста, а повратот на инвестициите е во висина до 65% од вкупните прифатливи трошоци.
Средства овој јавен повик може да се инвестираат во следниве приоритетни сектори:
1.     Алтернативно земјоделско производство
2.     Производство на прехранбени производи и пијалоци и тоа за следните типови на инвестиции:
·        Алкохолни производи од овошје и пиво;
·        Колачи, тестенини и пекарски производи;
·        Чај и билни екстракти;
·        Зачини и билки;
·        Слатководна риба, ракови и мекотели и
3.     Производство на не-прехранбени производи
4.     Занаетчиски дејности, кои се во согласно со Правилникот за определување на дејности кои можат да ги вршат занаетчиите
5.     Обезбедување на услуги во земјоделството
6.     Развој на услуги за руралното население
7.     Промоција на руралниот туризам
Со срествата од оваа мерка од ИПАРД 2, директно се поттикнуваат вработувањата а се зголемува и економската активност во руралните средини.
Караванот на ИПАРД инфо деновите веќе во среда се сели во Охрид и во Вевчани.
Сите кои се од Охрид а сакаат да се запознаат со можностите кои ги дава Мерка 7, ќе може да дојдат во зградата на општина Охрид во 11 часот. Веќе во 13 часот караванот се сели во општинската зграда на општина Вевчани.
Сите информации и потребната документација за овој повик може да се најдат на веб страната на АФПЗРР, www.ipardpa.gov.mk .

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close