Блокади на македонско – грчката граница
Илјадници трактори на грчки земјоделци повторно ги блокираа граничните премини на северот на Грција. Земјоделците протестираат против реформите во пензискиот систем што ги најавува грчката влада. Штрајкот ги затвори границите со Македонија. И покрај жестоките противења грчкиот премиер, Алексис Ципрас, вчера изјави дека нема да ги повлече предложените законски измени. Пензискиот систем мора да се реформира, рече тој, во спротивно би пропаднал.
Земјоделците веќе со денови протестираат против реформите кои предвидуваат укинување на предвремено пензионирање, како и зголемување на возраста за пензионирање на 67 години. Штрајкувачите стравуваат дека крајна цел на реформите е уште едно намалување на пензиите.
На протести во Грција се блокирани локации со 10 илјади трактори на 60-тина места. Протестите се предизвикани од актуелната аграрна политика на владата во Атина.
Вкупно четири гранични премини беа блокирани во Бугарија, Македонија и Албанија.