Вести
„БМЈ Индустри” ќе го преземе управувањето на фирмата „Нов тутунски комбинат Подгорица”
Арапската компанија „БМЈ Индустри“ ќе го преземе управувањето на фирмата „Нов тутунски комбинат Подгорица“ (НДКП) и ќе инвестира 20 милиони евра во изградба на нова фабрика, соопшти Тендерската комисија на Владата на Црна Гора.
Како што се наведува во соопштението, претставници на Владата на Црна Гора, градското раководство на Подгорица и компанија од Обединетите Арапски Емирати потпишаа договор за докапитализација и управување со НДКП.