fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Бочварски: Експресниот пат Штип-Кочани е пат кој ќе даде економски бенефит и развој на целиот источен регион

Експресниот пат Штип-Кочани или Крупиште-Кочани, е пат за да даде економски бенефит и развој на целиот источен регион и на граѓаните кои што живеат во Чешиново-Облешево, Кочани и во целиот регион, изјави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. 

Експресниот пат Штип-Кочани или Крупиште-Кочани, е пат за да даде економски бенефит и развој на целиот источен регион и на граѓаните кои што живеат во Чешиново-Облешево, Кочани и во целиот регион, изјави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Министерот дополни дека овој пат е за поголема безбедност, за, како што рече, „да спасиме човечки животи“, потсетувајќи дека по претходната делница имавме доста сообраќајни несреќи и механизаци.

Бочварски, по изјавите за почетокот на изградбата на браната на реката Отиње, на новинарско прашање за најавениот протест на дел од граѓаните од три села од Општина Чешиново-Облешево, кои сметаат дека изградбата на овој пат претставува пречка за нивниот пристап до своите земјоделски поседи, дали ќе се разгледа можност да им се излезе во пресрет на нивните барања, изјави дека не гледа причина да некој излезе на протест за да стопира изградба на нешто кое што со години и децении не било градено во оваа држава, посебно на Истокот.

– Поради тоа, не ги сфаќам барањата на тие граѓани, но доколку имаат одредено конкретно барање, слободно да го достават до Јавното претпријатие за државни патишта. Може да се разгледаат можностите и доколку има техничка и финансиска изводливост на тоа што го бараат, секако дека ќе се излезе во пресрет, рече министерот.

Тој дополни дека треба прво да ги видат конкретните барања, а тоа се прави преку конкретен допис, преку општината или преку заинтересираните страни до институциите, пишува Независен.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close