fbpx
ВестиМакедонија

Бочварски: Градежните компании да ги зголемуваат капацитетите и да аплицираат за проекти

По тврдења на домашни градежни компании дека изгубиле многу тендери од почетокот на годината и оти бараат да не бидат само подизведувачи во прокетите на државата, Бочварски рече дека доколку градежниците ги исполнуваат критериумите тие се добредојдени на повиците за проектите.

Градежните компании да ги зголемуваат капацитетите со цел  сите да можат да аплицираат на тендерите за инфраструктурните проекти и навреме да ги завршуваат работите, апелираше денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

По тврдења на домашни градежни компании дека изгубиле многу тендери од почетокот на годината и оти бараат да не бидат само подизведувачи во прокетите на државата, Бочварски рече дека доколку градежниците ги исполнуваат критериумите тие се добредојдени на повиците за проектите.

-Можам да апелирам сите градежни компании да аплицираат на повиците, на проектите, секако доколку ги исполнуваат  критериумите тие се добредојдени заради тоа што тоа е домашната економија, развојот на градежништвото и домашната економија, аспектот на развојот на државата го темелиме и во делот  на градежништвото. Можам да апелирам до сите градежници да ги зголемуваат капацитетите на нивните компании со цел  сите да можат да аплицираат и навремено да ги завршуваат работите. Единствено што ја интересира државата е тоа парите што ги вложуваме од страна на граѓаните да бидат навремено реализирани, квалитено вградени во одредени инфраструктурни проекти и да нема никакви доценења, изјави Бочварски,  при посетата на инфраструктурни проекти во Кочани.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close