fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Борислав Крмов-Левица поднесе предлог-закон во интерес на земјоделците

Со постоечкиот закон, никаде не е предвидена финансиска гаранција од преработувачите и трговците за договорите за гарантираниот откуп кој што е планиран за следната година

„Постојното законодавство воопшто не ги заштитува земјоделците, туку е бизнис-ориентирано и единствено ги заштитува трговците и преработувачите. Нашиот закон се концентрира на две работи:

1. Со постоечкиот закон, никаде не е предвидена финансиска гаранција од преработувачите и трговците за договорите за гарантираниот откуп кој што е планиран за следната година. Со нашиот закон, тие ќе бидат обврзани да имаат финансиски документ со кои ќе докажат дека ги имаат средствата за да го откупот родот за кој склучиле договор.

2. Постојниот закон им дозволува пролонгирање на рокот на исплата на трговците и преработувачите до три месеци. Со нашето решение, максималниот рок за исплата на средства на земјоделците се сведува на 30 дена, со можност ако исплатат аванс од 30 посто да им се продолжат до 60 дена.

На овој начин конечно ќе се заштитат производителите, односнo земјоделците кои овие 30 години беа оставени на милост и немилост на трговците и преработувачите кои живеат од нивниот труд и мака.”

Борислав Крмов, пратеник на Левица

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close