fbpx
ВестиЕкологијаТоп вести

Боров Четник се заканува да уништи огромни површини шума кај Прилеп

Над 700 хектари борова шума засадена пред 40 години е нападната од Боров Четник.

Од подрачната единица на Национални шуми Црн Бор од Прилеп тврдат дека 80 отсто од боровите насади кај вештачкото езеро,Селечка Планина Плетвар и Песиобрце се нападнати од боровиот четник и постои опасност ова шумско богатство да биде уништено.

Иако јавно не сакаат да говорат велат  дека овие површини не се во нивна надлежност  бидејќи истите не се за експлантација. Нивна обврска  била  состојбата да ја  евидентирана и да го  информирано надлежното министерство а тоа пак Факултетот за шумарство со цел да се подготви стратегија за уништување  на боровиот четник.

Деканот на шумарскиот факултет  Кирил Сотировски за Канал 5 потврди дека знаат за оваа  алармантната ситуација. Нивна обврска е и секоја година доставуваат  сугестија до ресорното министерство за авионско третирање , бидејќи постапката е скапа. Над 12 години овие и останатите шумски површини од овој тип  се препуштени сами на себе. Посебно  годинава со Ковид 19 пари за авионско третирање  нема.

Од Министерството за земјоделие и шумарство велат со  шумите  во државна сопственост  управува Јавното претпријатие национални шуми  со исклучок на шумите во заштитените подрачја.

Според програмата и оваа година не е предвидено авио-третирање на Боровиот Четник. Но истиот треба  механички да се санира а ова е обврска на јавното претпријатие национални шуми.Во конкретниот случај подрачната единица Црн Бор.

Извор: Канал5

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close