fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Босилово и Ново Село бараат подрачни канцеларии на Министерството за земјоделие и МТСП

Во минатото такви дисперзирани канцеларии имаше и во двете општини, но веќе неколку години тие не работат  поради што граѓаните кои имаат потреба од некаква услуга мора да патуваат до Струмица, некои од нив и по триесетина километри. 

Општините Босилово и Ново Село бараат повторно отварање на подрачните канцеларии на министерствата за земјоделие и труд и социјална политика.

Во минатото такви дисперзирани канцеларии имаше и во двете општини, но веќе неколку години тие не работат  поради што граѓаните кои имаат потреба од некаква услуга мора да патуваат до Струмица, некои од нив и по триесетина километри.

Градоначлникот на Ново Село вели дека ова претставува голем проблем за жителите од нивната општина посебно за повозрасното население.

И за градоначалникот на општина Босилово повторното отварање на дисперзираните канцеларии е од големо значење за граѓаните. Тие како општина ги имале сите услови за таквата намена, а биле подготвени да ја овозможат и целата логистика што ќе биде побарана од нив.

Од центарот за социјални работи во Струмица велат канцелариите до сега не работеле поради објективни причини, а главен проблем бил немањето доволно кадар планиран за тие општини. Најавуваат дека ова наскоро ќе биде решено.

Простории со целокупната опрема веќе биле обезбедени и се чекал приемот на новите вработени кои ќе бидат ангажирани. Според најавите, канцелариите ќе работат со цело работно време, а не како порано само еден ден во неделата.https://sitel.com.mk/bosilovo-i-novo-selo-baraat-podrachni-kancelarii-na-mz-i-mtsp

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close