вестиСоветиТоп вести

Брусница

Брусницата е зимзелена грмушка висока околу 25 см. Плодот на црвената  брусница содржи органски киселини, танин, железо и други минерали.

Зреат од средината на август до крајот на септември. Стеблата се тенки, а листовите се мали и зимзелени. Цветот е бел или розов, долг 8 мм со во форма на ѕвонче и поставен на врвовите на стеблата во големи, висечки јата. Плодот се состои од корални црвени и кисели бобинки, со киселкаст  и ароматичен вкус.

Агроеолошки услови за одгледување на брусница

Брусницата е многу отпорна на студ и мраз (до -40 ° C). Сака сончеви и суви места. Потребно е да се користи дождовница за наводнување, особено ако водата што ја имаме на располагање содржи  премногу карбонат. Може да се користи  површинско наводнување со  прскалки или систем капка по капка, што е исто така предност. Наводнувањето се применува во првата година цело лето. Не треба да се дозволи целосно сушење на почвата помеѓу две наводнувања. Сака  влажни и киселите почви (pH 4,0 – 5,5). Брусницата се одгледува во области со постудени климатски услови и расте на 1.500 m надморска височина.

Подготовка на почва за садење и одгледување насади

Извадете го растението од  садот и засадете го на ниво со земјата и покријте ја областа околу растението со хумус до дебелина од околу 2 см. Може да се сади во пролет или есен, до длабочина од 5 – 7 см. Ако се садат садници, потребно е коренот да се стави веднаш под површината на почвата. Садниците  се  садат на растојание  30 – 40 см ако растојанието помеѓу редовите е 80 – 90 см, или на растојание од 25 см ако растојанието помеѓу редовите е 100 см. Ров за секој расад треба да биде длабок 20-25 см.  Идеално време за садење е од  месец март до мај.

Размножување

Брусницата се размножува со подземни изданоци. За време на растот, брусницата испушта изданци  и на овој начин се шири. Кога  изданокот е „примен“ во почвата, може да се одвои од родителското растение и да се сади на друго место.

Ѓубрење

Се препорачува да се користат само ѓубрива со кисела реакција, и многу е корисно да се користат ѓубрива со бавно распаѓање (8-9 месеци). Неопходно е да се додадат околу 10 литри тресет или пилевина околу секоја садница.

Одржување на насадите

Помеѓу редовите, треба да  се коси  и  да се прекријат  со мулч, тресет или пилевина. По две години, неопходно е да се проретчат гранките и да се остават 4-5 нови изданци со цел растението  да се обнови. Старите и сувите  гранки  се сечат то точка на никнување, а оние  послабо родни се сечат на една четвртина од висината на грмушката.

Берба и складирање на брусница

Плодовите се берат кога се со  светло-црвена или темноцрвена боја. Ако се соберат рано кога сè уште не се зрели, тие можат да останат горчливи. Сепак, брусницата зрее до темноцрвена боја по неколку недели од бербата, за време на ладењето. Во лето бобинките  паѓаат од растението на крајот на сезоната на бербата, но во овој период бобинките се презрели  и не се добри за складирање. Боровинките, може да се берат освен машински и со рачно со гребло  (слично на оние што се користат за боровинки).

Собраната  и исчистена брусница во свежа состојба  може да се чуваат од  3-5 недели. Свежото овошје се лади на температура од 0 – 7 ° С. Презреаните бобинки тешко се одржуваат, така што треба да се продадат или преработат што е можно поскоро. Бобинките  може да се чуваат  во замрзнувач  и  неколку месеци.

Лековити компоненти

Брусницата е многу лековито растение. Освен плодот, се употребуваат и лисјата кои, исто така, имаат лековити својства. Брусницата е одличен извор на флавоноиди, флавоноли и проантоцијаниди. Содржи високо ниво на витамин Ц, провитамин А (како бета-каротин), витамини од групата Б, калциум, магнезиум, фосфор, калиум и растителни влакна.
Благодарение на многубројните корисни материи кои ги содржи, го штити организмот од разни болести и, поради тоа, ова растение е во центарот на вниманието на многу експерти од областа на храната и здравјето.Свежата брусница, сокот од брисница, замрзнатата или сушената брузница е природен антибиотик и антиоксидант, кој ги уништува штетните бактерии во организмот.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close