fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Бучински-Со претстојниот увоз на јуници се запоставени малите фармери

Тие јуници одат кај покрупните фармери, не одат кај поситните, вели Борче Бучински, сточар од с. Могила

Претстојниот увоз на јуници, кој државата го планира како мерка за помош на македонските сточари, но  и за заштита на драстично опаднатиот сточен фонд во земјава, ги вознемири помалите фармери.

И да донесе државата јуници, тие ќе бидат премногу скапи. Значи, за наши услови 3.000 евра, 3.500 евра јуница, од ситните фармери никој нема ни да ги земе, а и нема ни предност. Тоа е услов. Треба да поседуваш најмалку 15-20 грла крави, па за да добиеш од јуниците. Тие го носат тоа пак само за големите фармери. И тие се јуници преку ИПАРД, неповратни средства, од тоа ние немаме ниту аир, ниту бериќет“, – ни рече Тони Петковски, сточар од с. Велушино, битолско.

Сточарите бараат итни, стратешки интервентни мерки од државата.

Тие јуници одат кај покрупните фармери, не одат кај поситните. Да пишеме една, две, три…толку има услови некој, да се зголемат, да се измелезат кравите. Тие одат кај поголемите каде што земаат по 20, 30 и се во одредена цифра и до нас не стигнуваат. Ние сакаме да има некоја програма каде што ќе можеме да земеме 2, 3, 5 некој и десет, ама тоа за нас е уште далеку. Во малите не се инвестира, помалите едноставно се запоставуваат и затоа иди до вака, до растурање на многу фарми“, – објаснува Борче Бучински, сточар од с. Могила.https://alfa.mk/so-uvozot-na-juniczi-malite-farmeri-pak-ke-bidat-ostaveni-na-czedilo/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close